Планирање на продажба

За кого е наменета?

  • За Менаџери на продажен тим
  • За продажни лица

Број на часови: 16/24

Содржина:

Овој специфичен производ е креиран од страна на нашите Адижес партнери со цел да им се помогне на компаниите да дефинираат јасен алат – План на продажба за наредната година на време, квалитетно и со реални ресурси за достигнување.   

Семинарот за планирање на продажба е отворен тренинг наменет за личности кои се одговорни за продажбата во компанијата, за креирање и реализирање на продажниот план.

По завршување на семинарот, учесниците ќе ја имаат првата работна верзија на својот конкретен план на продажба за наредната година. Сугестијата на консултантите ќе биде наведените планови, во соработка со своите колеги да ги унапредат и дефинираат со сите елементи кои ќе се изучат за време на семинарот.

Еден месец по одржаната обука, се организира еднодневна работилница во компаниите-учесници. Во работилницата нема да присуствуваат само најодговорните лица за продажба кои биле присутни на семинарот и примарно работеле на планот за продажба, туку и сите соработници од продажниот тим кои се одговорни за реализација на поставениот план.

Во текот на еднодневната работилница со помош на ASEE консултанти ќе се дефинира комплетен План за Продажба и ќе се зададат конкретни оперативни задачи и чекори за негово остварување.

Основни теми на семинарот:

  • Дефиниција на планирање
  • Која е целта на планирањето и која е користа од планирањето
  • Предуслови за квалитетно планирање
  • Анализа на конкуренција
  • Групирање на производите
  • Сегментација на купувачите
  • Поставување на продажни цели
  • Акциони планови и клучни фактори за успех за продажба на:

a)     Одредена територија

b)     Клучни клиенти

  • Потврда на конечниот план
  • Спуштање на планот до ниво на оперативни задачи и обврски
  • Пратење на развојот на ситуацијата и контрола на остварени резултати

Форма за пријавување за обуки

v