ФИНАНСИИ ЗА ДОНЕСУВАЧИ НА ОДЛУКИ

 За кого е наменета?

Пресметување и оценување на финансиското здравје на бизнисот е составен дел на секоја менаџерска позиција. Ако сте раководител на организациона единица, независно од индустријата или професијата, а немате финансиска улога и сакате да го развиете вашето познавање на финансиско- сметководствената пракса, ќе имате практична корист од оваа програма

Содржина:

  • Сметководствените основи, како што се: дебит, кредит и двојно сметководство
  • Сметководствен циклус и процес
  • Улогата на финансиските извештаи: извештај за финансиска состојба, извештај за добивка и извештај за паричен тек
  • Користење на сметководствените информации за анализа на работењето

 Што ќе научите?

  • Основата на средствата, обврските, приходите, расходите и нето добивката
  • Извештајот за финансиска состојба и неговото користење
  • Како да се дефинираат приходите и расходите
  • Да ги користите броевите од ажурираните финансиски извештаи за да одговорите на прашањето за финансиската состојба на вашата организација

Форма за пријавување за обуки

v