Прилагодени обуки (Тailor-made)

Ние работиме заедно со нашите клиенти и нашата цел е да развиеме долгорочни односи, засновани на взаемна доверба и почит.

Веруваме дека секој клиент е посебен и на секој треба да му се посвети посебно внимание.

Затоа нудиме специјализирани програми за развивање на деловните вештини, решавање на соодветни бизнис прашања и проблеми, прилагодени според потребите и барањата на нашите клиенти.

На сите прилагодени програми ставен е акцент на позиционирање и мотивација. Со нашиот тим од експерти, нашето искуство и знаење, веруваме дека ќе им обезедиме на нашите клиенти соодветни програми обликувани според нивните барања.

За да ги дознаеме потребите на нашите клиенти, користиме соодветна методологија, базирана на најсовремени модели за деловен консалтинг и едукација, со употреба на конкретни алатки и соодветно аналитичко истражување.

Прилагодените програми нудат:

  • Утврување на едукациски потреби, спроведени со соодветни прашалници и анкети;
  • Креирање на соодветна и прилагодена едукациска програма;
  • Организирање на тренинзи, предавања и интерактивни работилници, според потребите на нашите клиенти

Модул I – Правила и стилови на менаџирање

Број на часови: 33

Содржина:

  • Во што се состои проблемот?
  • Што навистина значи зборот менаџмент?
  • Што значи добар менаџмент?
  • Идеалниот извршител
  • Што е лидер?
  • Стилови на менаџмент и промашен менаџмент
  • Кои комплементарни стилови добро функционираат?
  • Deadwood
  • Како да работиш со „осамен јавач“?
  • Како да се справиш со А-тип
  • Како да работиш добро со „паликуќа“?

Модул II – Управување со промени

Број на часови: 33

Содржина:

  • Како да ги вработиш вистинските луѓе
  • Менаџмент митови
  • Перцепирање на реалноста
  • Градење на култура на взаемна доверба и почит
  • Тајната на успехот на секоја организација
  • Како да се обезбеди ефективна имплeмeнтација
  • Како се делегираат одговорности
  • Како правилно да донесуваме одлуки
  • Како да донесуваме одлуки како тим
  • Како се водат успешни состаноци

Модул III - Структура и животни циклуси на организација

Број на часови: 36

Содржина:

  • Како се започнувa бизнис?
  • Компанија во Go-Go фаза
  • Од претприемништво до професионален менаџмент
  • Како да излеземе од основачката замка
  • Знаци на организациско стареење
  • Аристократска компанија
  • Подмладување на компанија која старее
  • Како да ја дефинирате мисијата?
  • Што е прво: Стратегија или структура
  • Дали Вашата компанија е добро структуирана
  • Како да структуирате компанија
  • Одговорност

Форма за пријавување за обуки

v