Лиценцирана Програма за Лидерство- Adizes Top Leaf

За кого е наменета

 

За сопственици; Директори; Менаџери на оддел или компанија; Менаџери за човечки ресурси; Членови на семејни бизниси

Уникатна вредност на обуката

 

Adizes TOP Leadership Forum (Adizes TOP LeaF) програмата е единствена лиценцирана програма за лидерство во Македонија. Низ годините, повеќе од 700 менаџери од најголемите компании во Македонија ги унапредија лидерските и менаџерските вештини преку посета на оваа програма.

Придобивки од Adizes TOP Leadership Forum (Adizes TOP LeaF) програмата

 

Примената на прилагодената тренинг програма по концептот на Adizes TOP Leadership Forum во македонските, но и странските компании, се покажа како еден од важните елементи во нивниот раст и развој.  

Дел од придобивките од TOP LeaF програмата применета во фирмите во кои е извршена ваков вид на обука:

  • Подобрување на корпоративната култура - начинот на кои вработените од компанијата функционираат внатре во матичната компанија и надвор од неа е променет во позитивна нагорна линија што придонесува за позитивно препознавање на компанијата на пазарот како и за позитивно препознавање на вработените од страна на нивните клиенти
  • Зголемување на резултатот од работењето - ефективноста и ефикасноста од работењето на компаниите се драстично променети во позитивна смисла. Секоја активност која е сработена резултира со помалку потрошено време, помалку потрошени ресурси (човечки и финансиски), а воедно поголем квалитет кон клиентот
  • Подобрени лидерски и менаџерски вештини - менаџерите кои биле дел од TOP LeaF програмата во понатамошното работење на различен начин од предходниот ги организираат своите активности и активностите на своите вработени при што се здобиваат со поголема организираност, помалку потрошено време на состаноци, зголемена продуктивност на работниот ден и на крај зголемен профит на крајот на финансискиот период

Модул I - Правила и стилови на менаџирање

Број на часови: 33

Содржина:

  • Во што се состои проблемот?
  • Што навистина значи зборот менаџмент?
  • Што значи добар менаџмент?
  • Идеалниот извршител
  • Што е лидер?
  • Стилови на менаџмент и промашен менаџмент
  • Кои комплементарни стилови добро функционираат?
  • Deadwood
  • Како да работиш со „осамен јавач“?
  • Како да се справиш со А-тип
  • Како да работиш добро со „паликуќа“?

Модул II – Управување со промени

Број на часови: 33

Содржина:

  • Како да ги вработиш вистинските луѓе
  • Менаџмент митови
  • Перцепирање на реалноста
  • Градење на култура на взаемна доверба и почит
  • Тајната на успехот на секоја организација
  • Како да се обезбеди ефективна имплeмeнтација
  • Како се делегираат одговорности
  • Како правилно да донесуваме одлуки
  • Како да донесуваме одлуки како тим
  • Како се водат успешни состаноци

Модул III - Структура и животни циклуси на организација

Број на часови: 36

Содржина:

  • Како се започнувa бизнис?
  • Компанија во Go-Go фаза
  • Од претприемништво до професионален менаџмент
  • Како да излеземе од основачката замка
  • Знаци на организациско стареење
  • Аристократска компанија
  • Подмладување на компанија која старее
  • Како да ја дефинирате мисијата?
  • Што е прво: Стратегија или структура
  • Дали Вашата компанија е добро структуирана
  • Како да структуирате компанија
  • Одговорност

Форма за пријавување за обуки

v