Новогодишна резолуција

Разбирлив и интелегентен пристап кон поставување и остварување на личните и професионални цели

 

Што е новогодишна резолуција?

  • Новогодишна резолуција е традиција, најчеста во земјите на Западна Европа, а особено во САД , во која едно лице се решава да ја смени несаканата особина или однесување, да оствари лична цел или на друг начин да го подобри својот живот. Всушност се работи за поставување на цели кои што треба да се реализираат во наредната година.

 

Clear View Бизнис Тренинг Центар заедно со д-р Жарко Костич ја има честа да ја започне првата „Новогодишна Резолуција“ во Македонија, на која што се поканети:

  • сите компании кои сакаат да имаат мотивирани и успешни вработени кои својата работа ја работат со задоволство;
  • секој кој сака да напредува во својата кариера и да се надоградува;
  • секој кој сака да научи како правилно да поставува цели преку научно базирана методологија која во голема мера овозможува и оставрување на правилно зацртаните цели.

На првата „Новогодишна Резолуција“ Д-р Жарко Kостиќ со практични примери и сугестии ќе ја доближи до вас важноста на правилно поставената цел за суштинското остварување на целта. 

Бенефити од првата „Новогодишна Резолуција“:

  • Вам ќе ви помогне:

  • Да ги надминете и најтешките предизвици
  • Да го ослободите вашиот потенцијал
  • Да водите похрабар и поизбалансиран живот
  • Да завладеете со личниот и професионалниот живот
  • Да бидете, правите и имате се што ќе зацртате

Ќе влијае на вашите мисли и дела уште долго откако ќе заврши семинарот

На вашата компанија ќе и пружи:

  • Mотивирани и успешни вработени
  • Зголемена взаемна одговорност помеѓу компанијата и вработените
  • Подобрена комуникација меѓу вработените
  • Подобрена компаниска култура; Вработени кои се: одговорни, лојални, продуктивни, мотивирани и среќни.
  • Поттикнување на лидерскиот потенцијал на вработените
  • Вработени со зголемена фокусираност и концентрација, за поквалитетно и навремено исполнување на своите работни обврски

„Успешните знаат како да ги мотивираат оние кои ќе им помогнат да напредуваат“

d-r Zarko Kostik

Др. Жарко Костиќ, мотивациски говорник, доктор по медицина кој со своето долгогодишно искуство во полето на мотивацијата и личниот развој има помогнато на илјадници луѓе да го променат својот живот на подобро

Во својата кариера има одржано: 

  • над 1000 предавања и семинари
  • над 300 ТВ и радио интервјуа
  • автор на ТВ емисијата „Откриени Тајни“ која 4 сезони се емитува на ТВ 24.

Преку неговите обуки, голем број на компании, спортски клубови, невладини организации, здруженија и поединци ја имаат разбрано важноста на целите и начинот како да се остварат. Со нив, се дава смисол на животот, работата и постоењето, а нивното постигнување е основа за  мотивација.

За методологијата

Преку практични примери и сугестии базирани на откритијата на д-р Алфред Бариос (Alfred Barios) ќе ја доближиме до вас важноста на правилно поставените цели, за мотивацијата за нивното остварување и влијанието на правилно поставената цел врз суштинското остварување на целта. 

Крајната цел е да ви помогнеме да ги развиете и искористите вештините и способностите на генијот - човек кој е неверојатно добар во она што го прави. Тој човек би можел да биде експерт, некој познат или едноставно личност за која знаете, како Леонардо Да Винчи и Алберт Ајнштајн.

Науката зад ова е фасцинантна. Многу луѓе кои го користат овој пробив, брзо ги доживуваат резултатите и гледаат големо влијание врз нивниот живот.

  • Кога? - На 22 декември. Времетраење: 10 -16 часот
  • Kаде? - Фондација Никола Кљусев
  • Цена 4000 денари, со вклучен ручек

Агенда

  • 10.00-10.50 предавање
  • 10.50-11.00 кафе пауза
  • 11.00-11.50 предавање и вежби
  • 11.50-12.00 кафе пауза
  • 12.00-12.50 предавање и вежби
  • 13.00-14.00 пауза за ручек
  • 14.00-14.50  предавање и вежби
  • 14.50-15.00 кафе пауза
  • 15.00-16.00 предавање и вежби

 

Откријте кои се главните поенти кои ќе ви помогнат со сигурност да ги остварите вашите цели. Преку прецизен и научно-истражен метод разберете подобро кои се причините поради кои некои од новгодишните одлуки ви се остваруваат а некои не

Форма за пријавување за обуки

v