Social Selling - кратка обука за продавање со помош на социјални медиуми

Што е social selling по дефиниција?

Social selling е практиката кога продавачите користат социјални медиуми за да стапат во директна комуникација со потенцијалните купувачи. Продавачите во таа ситуација обезбедуваат вредност со одговарање на прашања и со нудењето на соодветна содржина се додека потенцијалниот купувач не се одлучи да купи.

Линијата помеѓу маркетинг и продажба во ерата на дигиталните комуникации е екстремно тенка. Кога станува збор за дигитален маркетинг скоро невозможно е да се направи одвојување од продажбата, тие и покрај тоа што може и треба да постојат како два одделни сектора мора многу тесно да соработуваат. Со години наназад интернет маркетинг практичарите се обидуваат да ги надминат овие бариери, но ретко кога внимание за овие теми им се посветува на оние кои работат во продажба.

Токму затоа оваа обука е наменета за  оние кои продаваат и сакаат да продаваат преку интернет, без разлика дали се од секторот продажба или маркетинг. Моќта на социјалните медиуми денес е огромна. Тие се првата линија за контакт помеѓу бренд и потенцијален потрошувач, тие се просторот каде потрошувачите се чувствуваат нај комотно и тие се каналите каде потрошувачите го очекуваат одговорот на нивните прашања.

 

Динамичните промени кои секојдневно се случуваат кај различните социјални мрежи не притиска континуирано да го надградуваме своето знаење, да учиме од своите но и од туѓите искуства. Моќта на овие тактики и техники може да внесе вистинска промена во начинот на кој работите и продавате. Со добро поставена комуникација може точно да знаете која активност колкав ефект има и како да ја унапредите.

 

Оваа обука опфаќа повеќе практични сегменти од работата на Facebook, Instagram и LinkedIn. Ќе поминеме низ различните можности кои ги нудат овие сервиси, ќе погледнеме неколку примери, ќе ги разгледаме податоците кои може да ги анализираме од нив и секако учиме и како ефективно да ги инвестираме нашите пари во различните кампањи и сервиси.

Предавач на обуката е Дарко Булдиоски кој е основач на маркетинг агенцијата „NewMedia“ програмски директор на „AllWeb“ конференција за дигитален маркетинг. Тој е предавач на академијата за дигитален маркетинг на Cleaw View BTC и активен во полето на маркетинг едукација повеќе од 10 години. Има огромно искуство во полето на дигитална комуникација и развој на стратегии за социјални медиуми за голем број интернационални и локални брендови.

 

Агенда на обуката:

  • ДЕН 1 - Facebook
  •  креирање на содржина која продава
  •  пронаоѓање на вистинска публика
  •  следење на статистика и анализа
  •  огласување на Facebook

 

  • ДЕН 2 – Instagram
  •  креирање содржина
  •  техники и механики за зголемување на интеракција
  •  следење на статистика, алатки и анализа на успешност
  •  огласување на Instagram

 

  • ДЕН 3 – LinkedIn
  •  креирање на стратегија за настап
  •  уредување на содржина и мрежа на контакти
  •  пребарување и огласување   

Форма за пријавување за обуки

v