Програма за PR Професионалец

Програмаta за ПР Професионалец има за цел да ги запознае учесниците со односите со јавноста и деловната комуникација. Односите со јавноста претставуваат начин на комуникација со одредена јавност со цел да се изгради, одржи, или менаџира имиџот на една компанија, организација или индивидуа.

ПР-от претставува една од најбараните и најбрзорастечките професии во светот и во последните неколку децении сѐ повеќе организации (фирми и институции од јавен сектор) ги воведуваат во својата практика и работење односите со јавноста, разбирајќи го нивното значење и огромно влијание што го имаат врз компанијата. Без разлика дали ќе формираат ПР сектор во рамките на внатрешната организација, или ќе ангажираат надворешен соработник, односно агенција за односи со јавност, повеќе од јасно е дека денес, оваа дејност е речиси неопходна за успешно работење на една организација.

Преку оваа програма ќе имате можност да се стекнете со неопходните знаења за односите со јавноста. За придобивките. За начинот на комуникација. За говорот на телото. За зголемување на самодовербата во носењето на одлуките. За менаџирање на стресот кој го носи оваа професија. И за транзицијата од традиционалните алатки со неопходните модерни алатки.

За кого е наменета оваа програма:

  • За сопственици на бизниси;
  • Директори; Маркетинг менаџери;
  • Менаџери на оддел или компанија;
  • Менаџери за односи со јавност;

 

За време на 80-те школски часови од академијата за ПР ќе имате можност да научите 8 модули:

 

1. ОСНОВИТЕ НА ПР-от

  • што е ПР
  • разликата помеѓу маркетинг и ПР
  • целни групи
  • што се ПР менаџери
  • односи со медиуми
  • типови  на медиуми и нивно третирање
  • истражување на јавното мислење
  • дефинирање на стратегии
  • Евалуација и мерење на ефикасност (анализи КПИ)

 

2. ОДНОСИ СО МЕДИУМИ

  • креирање на соопштенија
  • видови на комуникација со медиуми
  • деловно пишување
  • пишување на говор
  • креирање на прашања и одговори
  • креирање на комуникациски стратегии

 

3. КОРПОРАТИВЕН ПР

  • што претставува копоративен пр
  • корпоративен идентитет
  • внатрешна комуникација
  • надворешна комуникација
  • корпоративна општествена одгворност

 

4. ОДНОСИ СО ДЕЛОВНА И ВЛИЈАТЕЛНА ЈАВНОСТ

  • што е деловна и влијателна јавност
  • што претставуваат владини односи
  • начин на комуникација
  • лобирање и лични средби

 

5. КРИЗЕН ПР

  • што е кризен ПР
  • какви типови на криза имаме
  • целта на кризниот ПР
  • креирање на тим и план за кризно комуницирање
  • Кризна ситуација и решавање; СПИН или релано соочување
  • користење на медиумите за време на криза
  • онлајн криза

 

6. ОНЛАЈН ПР

  • што претставува онлајн ПР
  • стратегија за онлајн ПР
  • веб сајтовите како ПР
  • управување со блогови
  • социјални медиуми

 

7. ЛИЧЕН ПР

  • што претставува личен ПР и работењето на себе
  • неколку техники за како да се етаблирате и го подобрите вашиот имиџ

8. ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНИ

  • организација на настани и креирање на сценарио
  • видови на настани
  • деловни настани и координација со клиентот
  • обука за јавен настап и што претставува

 

Предавач

Марко Костадиновски, професионалец со 10 годишно искуство во ПР професијата. Сопственик на агенција за односи со јавност Why not комуникации, која работи успешно во корпоративните комуникации. 

Во своето работење има доста успешни проекти како и соработки со најголемите компании во Македонија и регионот.

Учесник на голем број конгреси и семинари за односи со јавност.

*За секоја пријава и уплата до 30.09.2018 следува 15% попуст за оваа програма.

 

Форма за пријавување за обуки

v