Светот на девелоперите за HR менаџери (HR во IT)

Clearview организира еднодневен настан на тема HR во ИТ кој ќе се оддржи на 14 Ноември (Среда) во Стопанска комора на Македонија со почеток во 10 часот .
Најважните средства на секоја организација се човечките ресурси. Ефективноста на организацијата зависи од нивната ефективност и продуктивност. Успешното управување со човечки ресурси и оддржување на соодветни и хармонични односи во IT секторот не само што го детерминира успехот на организацијата, туку и влијае на развојот и перформансите на целокупната економија.

На овој настан ќе имате можност да:

  • Слушнете посебен пристап за различни типови на личности на девелопери кој ќе ви помогне полесно да селектирате кои девелопери ви се капитал, а кои знаат само добро да се „продадат“.
  • Влезете во чевлите на девелопер преку стратешка игра.
  • Слушнете креативни пристапи за мотивација на девелопери.

Погледнете во светот на девелоперите од друг агол.


Настанот е инспириран од предизвиците со кој секојдневно се соочуваат HR менаџерите во IT компаниите.

Како на пример:

  • Што ако Ве напушти најдобриот вработен на средина на проект? Колку брзо може да најдете замена?
  • Дали ги губите вработените?
  • Каде одат и зошто?
  • Дали мотивациските алатки кои ги користите се соодветни за нивните потреби
  • Мислите дека се разбирате? Дали е тоа така?
  • Дали го разбирате светот на девелоперите?
  • Какви типови на личности се вашите девелопери?

Зошто овој настан?

Ефикасното управување со човечките ресурси е клучно во одредување на растот и просперитетот на компанијата. Ова е особено точно во IT секторот. Eдна од најважните потреби на овој сектор е да се подобри оперативната ефикасност на вработените на сите нивоа, за да се подигне целокупната организација на пoвисоко ниво. IT секторот има потреба од компетентни и позитивно мотивирани луѓе кои ќе работат напорно да продонесат за достигнување на организациските цели и подобрување на севкупната оперативна ефикасност.


Сериозен хендикеп на менаџмент на човечки ресурси во IT секторот е големиот недостаток
на литература поврзана со овој специфичен проблем.


АГЕНДА:

  • 10:00-10:10 – Обраќање на организаторот 
  • 10:10-11:30 – Влезете во чевлите на девелоперите - Стратешка игра
  • 11:30-11:45 – Кафе пауза
  • 11:45-12:30 – Различни профили на девелопери - ралични пристапи за секој профил 
      • Како се пристапува на секој тип на девелопер
      • Како се разговара со секој тип на девелопер
      • Кои да се задржат, а кои да се третираат како неопходни ресурси
  • 12:30-13:15 – Алатки за мотивација на девелопери
      • Креативни пристапи во мотивација на девелопери
  • 13:15–14:00 – Пауза за ручек
  • 14:00-15:30 - Дискусија според Chatham House Rule
      • Кога се одржува дискусија според ова правило, учесниците се слободни да ги користат добиените информации, но идентитетот и компанијата не треба да се откријат.

 


Стевица Кухарски


Предавач:  Стевица Кухарски

Својата најдрага детска занимација ја претворил во профитабилен бизнис и се бави со развој на програмски решенија во последните 18 години. Тој програмира од својата 12-та година. Вели дека деновите ги поминувал во школо, а ноќите ги користел за програмирање. Истражувањето, учењето и развојот на технологија не престануваат да му бидат опсесија, во 2003 година одлучил да стане претприемач. Следејќи го својот претприемачки дух основал и развил две компании, кои понатака ги продал. Во овој период се стекнал со значително искуство во процесот на recruitment. Еден од проектите по кој што е препознатлив на светската сцена е Habbits, апликација за деца. Во 2015 година основал нова компанија Locodels која се занимава со градска испорака. Оваа компанија стана важен фактор во менувањето на начинот на достава. Стевица истотака организира годишен стартап камп кој е поддржан од Стејт Департмент на САД. Хрватските медиуми денеска го прогласуваат за еден од четирите иноватори кои ќе ја променат Хрватска.


Настанот е наменет за:

  1. Вработени во HR секторот на IT компании
  2. Сопственици на IT компании
  3. Секој кој раководи со тим на девелопери

Котизацијата: 5.700 денари по учесник, 

  • за 3 или повеќе учесици од една компанија следува попуст од 15% 

Локација: Стопанска комора на Македонија

Почитувани, доколку имате проблеми со формата за пријавувaње подоле, за да се пријавите контактирајте не на 070 294 419, или испратете ја вашата пријава на info@clearview.com.mk

Форма за пријавување за обуки

v