Правила и стилови на менаџирање

За кого е наменета?

  • За сопственици;
  • Директори;
  • Менаџери на оддел или компанија;
  • Менаџери за човечки ресурси;
  • Членови на семејни бизниси

Уникатна вредност на обуката 

Adizes TOP Leadership Forum (Adizes TOP LeaF) програмата е единствена лиценцирана програма за лидерство во Македонија. Низ годините, повеќе од 700 менаџери од најголемите компании во Македонија ги унапредија лидерските и менаџерските вештини преку посета на оваа програма.

Придобивки од Adizes TOP Leadership Forum (Adizes TOP LeaF) програмата

Примената на прилагодената тренинг програма по концептот на Adizes TOP Leadership Forum во македонските, но и странските компании, се покажа како еден од важните елементи во нивниот раст и развој.  

Дел од придобивките од TOP LeaF програмата применета во фирмите во кои е извршена ваков вид на обука:

  • Подобрување на корпоративната култура - начинот на кои вработените од компанијата функционираат внатре во матичната компанија и надвор од неа е променет во позитивна нагорна линија што придонесува за позитивно препознавање на компанијата на пазарот како и за позитивно препознавање на вработените од страна на нивните клиенти
  • Зголемување на резултатот од работењето - ефективноста и ефикасноста од работењето на компаниите се драстично променети во позитивна смисла. Секоја активност која е сработена резултира со помалку потрошено време, помалку потрошени ресурси (човечки и финансиски), а воедно поголем квалитет кон клиентот
  • Подобрени лидерски и менаџерски вештини - менаџерите кои биле дел од TOP LeaF програмата во понатамошното работење на различен начин од предходниот ги организираат своите активности и активностите на своите вработени при што се здобиваат со поголема организираност, помалку потрошено време на состаноци, зголемена продуктивност на работниот ден и на крај зголемен профит на крајот на финансискиот период.

 




ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПРОБЛЕМОТ ?

Зошто оваа тема?

Промените ги водат настаните во насока на можности или проблеми. Кога ќе се соочиме со проблеми, потребно ни е да донесуваме одлуки и да направиме нешто. Се соочуваме со проблем или можност. Кога ќе одлучиме да покренеме иницијатива, одлучуваме да направиме некаква промена, која предизвикува нови проблеми. Секој проблем или можност претставен преку промена генерира решение, кое предизвикува повеќе промени, со што се соочуваме со нова реалност и нови проблеми и можности. Според тоа, се додека има промени, ќе има проблеми и можности. Можноста е нечиј туѓ проблем а вашиот проблем е нечија можност.

 


ШТО Е МЕНАЏМЕНТ ?

Зошто оваа тема?

Што е менаџмент? Во болниците, уметничките организации, образовни институции, што

е менаџмент? Дали е академската страна на менаџментот или административната

страна или и двете? Што значи да менаџираш? Adizes методологијата обезбедува

функционалистички пристап на менаџментот во дефинирањето на тоа што е

менаџмент. Функционалистички значи, пристап кој е гледан независно од културата,

типот на индустрија, независно дури и од вредностите.

 




ШТО ЗНАЧИ ДОБАР МЕНАЏМЕНТ?

Зошто оваа тема?

Што опфаќа менаџирањето? Веќе знаеме дека сакаме да ја направиме организацијата

да биде ефективна и ефикасна на кратка и на долга патека. Што значи тоа, што нужно

правиме секој ден?

Мора да ја разбереме улогата на менаџментот според функцијата што ја извршува:

Зошто ние потребен? А функцијата треба да биде ослободена од вредности, без

никакви социополитички или културолошки предрасуди. Треба да биде иста, без

разлика дали се менаџираме себе си, нашето семејство, бизнис, непрофитна

организација или општество. Дали зборуваме за менаџирање, владеење или улогата

што ја имаме како родители, тоа е концептуално еден и ист процес. Единствената

разлика е ширината и природата на единката што е менаџирана.

Каде почнуваме? Со единствената константа, промената. А промената

предизвикува“можност-закани“, можности или закани. И сите овие „можност-закани“

мораат да бидат земени предвид, а тоа значи менаџирање.

 




ИДЕАЛНИОТ ИЗВРШИТЕЛ?

За што се работи во оваа тема?

Покрај промените, втората причина зошто ниеден менаџер не може да биде совршен е

– менаџерските улоги се поткопуваат взаемно. Перформансите се косат во одреден

Момент.

(P) vs (E).

(P) vs (A).

(A) vs. (I).

(P) vs (I).

(E) vs. (I).

(E) vs. (A).

 




ШТО Е ЛИДЕР?

Зошто оваа тема?

Што претставува менаџментот е тема која предизвикува многу замени. Зборот кој

првично бил употребуван за да се опише процесот е администрација. Затоа бизнис

школите биле и некои уште се викаат Факултет за бизнис Администрација, оние кои

имаат диплома да покажат дека се професионално обучени да бидат менаџери имаат

Мастер по Бизнис администрација, а првиот весник во полето се викаше Administrative

Science Quarterly.

Но бидејќи администраторите не ги дадоа посакуваните резултати, зборот

администратор најчесто се користи како синоним за бирократ. И така започна

употребата на нов збор: менаџмент.

 


СТИЛОВИ НА МЕНАЏМЕНТ И ПРОМАШЕН МЕНАЏМЕНТ

Зошто оваа тема?

Целите на оваа тема се: да научиме како да ги дијагностицираме стиловите на

менаџмент и промашен менаџмент, како да ги разликуваме навиките на двата стила и

како вие, како менаџер, можете да бидете свесни за вашите предрасуди и да се

промените од менаџер со промашен стил во менаџер со вистински стил, а можеби и

лидер.

Премисата е дека идеалниот лидер, менаџер или извршител не постои и не може да

постои. Сите книги и прирачници кои се обидуваат да не научат да бидеме перфектни

менаџери, лидери или извршители се базираат на погрешата претпоставка дека таквата

цел е возможна. Па така, класичната менаџмент теорија покажува каков менаџерот или

извршителот треба да биде – како сите менаџери да имаат ист стил и можат да бидат

истренирани да менаџираат на ист начин, игнорирајќи го фактот дека различни луѓе

организираат, планираат и контролираат на различен начин.

Оваа тема ни обезбедува методологија за класифицирање на менаџерските стилови,

идентификување на нивните сили и слабости и предвидување на како секој стил

донесува одлуки, мотивира комуницира или, со еден збор менаџира.

 


КОИ КОМПЛЕМЕНТАРНИ ТИМОВИ ДОБРО ФУНКЦИОНИРААТ?

Зошто оваа тема?

Ако идеалниот менаџер, извршител или лидер не постои, тогаш што треба да бараме?

Знаеме дека за да се донесат одлуки кои можат да креираат и одржуваат ефективни и

ефикасни организации на краток и на долг рок, четирите улоги мораат да бидат

играни. Но, исто така знаеме дека четирите улоги се некомпатибилни; многу е тешко да

се биде ориентиран кон резултати а во исто време и кон детали и кон ефикасност;

визионер; и конечно ориентиран кон луѓето. Тоа е премногу да се бара. Опишавме во

една друга тема, што се случува кога се одигрува само една од улогите, а другите не:

Во тој случај имаме патолошки екстреми како: Осамен јавач, Бирократ, Пироман, Супер

следбеник. Сепак, можно е да се најдат добри менаџери кои совладале една од улогите

и го исполнуваат потребниот минимум на другите. Јас таквите менаџери би ги кодирал

како (Paei), или (P) произведувач/работник; (pAei), или (A) администратор; (paEi), или

(E) претприемач; и (paeI), или (I) интегратор.

Така, за да имаме добар менаџмент, организациите мораат да сфатат и да прифатат

нова парадигма, базирана на реалноста дека групен напор на луѓе со комплементарни

стилови е единствено можно решение. Нам ни е потребен тим на лидери, менаџери и

извршители чии стилови се различни, кои се надополнуваат и кои можат да работат

заедно за да си ги балансираат меѓусебните предрасуди, тим кој е одличен во барем

една од четирите улоги кои се различни од другите и кои се над минималното ниво на

компетенција во другите луѓе. Наместо да зборуваме за еден индивидуалец кој ги

менаџира сите улоги (P) производство, (A) администрација, (E) претприемништво, и (I)

интеграција, тие можат да се исполнат со комплементарен менаџерски тим.

 


DEADWOOD

(буквален превод: мртви гранки на едно дрво, неупотреблив дел, отпадок)

Зошто оваа тема?

 

Со сите нивни разлики, четирите менаџерски стилови, (P---) (-A--) (--E-) и (---I), имаат

една взаемна карактеристика: Тие се сите нефлексибилни стереотипови. Менаџерите

кои ги покажуваат овие стилови имаат еднодимензионални умови. Тие имаат само

ограничена перцепција за тоа кои се и што треба да прават во животот. Тие не се

заокружени личности. Секој што покажува само една, единствена улога од стиловите

на менаџмент е во опасност да стане Deadwood или “отпадок”, фанатик или маченик.

Секој од претходните стилови на мисменаџмент беа три четвртини “отпадок” (P---),(-A--

),(--E-) и (---I).

 




КАКО УСПЕШНО ДА СОРАБОТУВАТЕ СО ТИП (П) – ОСАМЕН ЈАВАЧ

Зошто оваа тема?

Различни луѓе различно се мотивираат, организаираат и дисциплинираат и токму затоа

е исклучително важно да се обрне внимание кон тие различности. Секој човек има

различно и уникатно гледиште кон светот и сака да биде третиран на различен начин.

Сето ова има свои импликации за дизајнирање на системи на наградување, нај,ување и

унапредување на вработени, евалуација на перформанси се до начинот н а кој ние ги

третираме сопствените деца и како би требало да се однесуваме кон своите сопруги.

Сето ова влијае на начинот на кој треба да се однесуваме еден кон друг.

Сите ние знаемее колку е лесно да се започне погрешно кога се обидуваме да

објасниме нешто и како личноста со која разговараме може да чуе нешто комплетно

различно од она кое ние мислиме дека сме и кажале. За да можеме да менаџираме

добро ние мора да знаеме да ги продадеме своите идеи – мораме да ги убедиме другите

да соработуваат.

 

 




КАКО ДА РАБОТИШ СО ТИП (А)

Зошто оваа тема?

Тип (А) личноста е ориентирана кон “како“ и “што“ аспектот во текот на работата што

значи дека тој може да се збуни помеѓу формата и функцијата. Тоа би значело дека од

нас се бара да обрнеме значително внимание кон формата. Тој не е заинтересиран дали

се работи за кризна ситуација, тој е заинтересиран за обавување на работата во

согласност со исправната процедура. Со Тип (А) личностите не треба да разговараме за

кризи – тие ги мразат кризите. Доколку сакаме да го привлечеме вниманието на Тип (А)

личностите би морале да им укажеме дека имаме проблем со непочитување на

одредена веќепостоечка одлука, правило или пак најобичен секојдневен принцип на

работното место. Зборот “исправно“ кај овој тип на личности прави значителна

разлика.

 


 

КАКО ДА РАБОТИШ СО ТИП (Е)

Зошто оваа тема?

Клучните елементи за успешна комуникација со Тип (Е) личност (претпоставен или

подреден) се состојат во начинот на кој ќе го презентирате проблемот и како ќе го

предложите решението. Тип (Е) личноста не е ориентирана кон деталите така што

никогаш нема да ви биде потребен детален извештај и документација за проблемите;

овие личности не сакаат да ги нарекуваат овие “појави“ проблеми. Тип (Е) личностите

не се заинтересирани за проблеми, тие се иритираат кога се зборува за проблеми

бидејќи проблемите се нешто за кое тие немаат време и токму затоа проблематичните

појави во нивно присуство се нарекуваат “можности“. Откога ќе го претворите

проблемот во можност следниот чекор се состои во креирањето на решение кое,

дирекнто или индиректно, би било идеја на Тип (Е) личноста. Кога ќе завршите со

презентацијата на можности и ќе ги одговорите неговите прашања осигурајте се дека

решението ги содржи неговите отпечатоци на него, односно дека тоа е или негова

идеја или пак не би постоело без неговите корекции.

 

Форма за пријавување за обуки

v