Менаџмент предизвик на месецот

Пакет на настани за успешно заокружување на вашата работна 2018 година. 

Оваа програма е составена од три настани кои ќе се одвиваат на специфичен начин  -  воведно предавање од експерт , проследено со дебата каде учесниците ќе бидат поделени во два тима „за“ и „против“. Предност на овој начин на обработка на одредени теми е што учесниците се предизвикани да излезат од својата вообичаена матрица на размислување и согледаат аспекти на темата кои инаку би ги пропуштиле.

Станува збор за нетворткинг настани кои се наменети за сите сопственици на компании и менаџери.

  • Припадниците на Millenial генерацијата веќе подолго време се присутни на пазарот на работна сила во Македонија, почесто од сите други генерации менуваат работни места, неретко се случува да ја напуштат земјата барајќи подобри работни услови.
  • Зошто релативно млади компании чија работна сила е составена чисто од Millenial генерацијата ја рушат предноста на етаблираните брендови на пазарот?
  • Како да ги задржам младите во компанијата и да го искористам нивниот потенцијал?

Компаниите мораат да бидат спремни да работат со овие млади луѓе чии вредности и разбирања многу се разликуваат од оние на нивните генерациски претходници. За да ги задржат овие луѓе и да ја зголемат својата продуктивност бизнисите мораат да ја разберат важноста на работната Millenial генерација и да се прилагодат на неа.

Треба да бидете дел од оваа програма доколку имате дилеми во врска со:

  • Кога носиме одлуки, дали го земаме во предвид инпутот на младите?
  • Дали нашето искуство е пресудно за вистинска одлука?
  • Како да ја искористиме генерациската предност, за да работиме во духот на модерното време?
  • Како да ги задржиме на работното место? Како да не експериментираат менувајќи многу често работа? Како да ги задржиме во државата?
  • Како да работат квалитетно и посветено?
  • Како да се воспостави систем на добро корпоративно управување?
  • Какви треба да бидат договорите за вработување?
  • Каква е судската пракса во оваа област
  • Како да се подготвуваат договорите, какви клаузули треба да стојат?
  • Кога треба и смее да се казни?
  • Како се става конкурентска клаузула
  • Кога се тужи, дали е добро да се тужи, како е во пракса
  • Како да го намалиме стресот на работното место?
  • Колку стресот на работното место ја чини компанијата? Кои се финансиските импликации?

Времетрање: 12 часа вкупно или по 4 часа за секој поединечен настан.


Настаните кои ќе ги опфати оваа програма се:

I  Донесување на одлуки - (Цена посебно: 5000 денари)
Индивидуалнa или тимска активност?
Како да ги вклучите младите (MIllenials) во процесот на донесување одлуки и да ја искористите нивната генерациска предност, за да вашите одлуки го одразуваат духот на модерното време?

Говорник: Нико M. Берберу.
Датум: 14.12.2018 со почеток од 13:30 часот

 II Правни аспекти при работа со новите генерации (Millenials) - (Цена посебно 5000 денари)
Кои се правните аспекти (договори, конкурентски клаузули и многу други практични детали) на ова тема ?

Говорник: Данче Чакаровска
Датум: 19.12.2018 со почеток од 13:30 часот

 III Стрес на работно место и финансиски импликации за компанијата (Burnout) - (Цена посебно 5000 денари)
Како себеси да се поштедиме од оваа непријатна ситуација?
Како да внимаваме да не ги „прегориме“ младите (Millenials)?

Говорник: Димитар Боневски
Датум: 26.12.2018 со почеток од 13:30 часот

 


Цена на пакет настани Менаџмент предизвик на месецот : 11 900 денари

Преку купување на пакетот заштедувате 3100 денари.
*
Препорака: Компаниите најчесто купуваат пакети за своите вработени бидејќи постои можност да испратат на секој настан различен вработен по избор.   


I Донесување на одлуки

Донесување на одлука вклучува правење на избор од повеќе алтернативи со цел решавање на некој специфичен проблем. Од една страна,  обврската за одлучување  е најчесто одговорност  на едно лице, а од друга страна тимовите се особено ефективни во процесот на решавање на проблеми, бидејќи се составени од луѓе со комплементарни вештини. Овие комплементарни вештини,  му овозможуваат на тимот  разгледување на проблемите од различни агли, како и согледување на  импликациите од нивните одлуки од различни перспективи. Дали го земаме во предвид инпутот на младите при донесување одлуки или сметаме дека искуството е тоа што дава за право да пресечеме?

 Нико.М.Берберу

Магистер Нико М. Берберу се здоби со титулата Магистер по Технички науки, во областа на Индустриско инжинерство и Менаџмент и е Лиценциран Тренер на IAPPD како и Лиценциран тренер на IPSCM.

Низ своите менаџерски позиции во еминентни компании во автомобилска, енергетика и прехрамбена индустрија, тој ги применува своите интернационално стекнати вештини и техники во комуникација со различни типови на клиенти, утврдувајки ги нивните потреби и очекувања, пронаоѓање на нови пазари, преговарање, разрешување на конфликт и справување со поплаки, демонстрирајќи супериорна грижа за клиентите, како и вклучување на својот тим во процесот на донесување на одлуки. 
Моментално раководи со маркетинг одделот во Витаминка АД Прилеп.


II Правни аспекти при работа со новите генерации (MIlenials)

Милениалците за разлика од претходните генерации сигурно ќе ги доведат во прашање политиките на фирмата кои за нив немаат смисла. Оваа генерација е високо едуцирана, во тек е со сите социјални проблеми и добро запознаена со своите законски права. Кога зборуваме за управување со човечки ресурси во една компанија, тоа неопходно подразбира систем кој ќе овозможи стабилни и одржливи човечки ресурси.

  • Како тоа да се постигне во денешно време кога се соочуваме со голем одлив на работна сила во странство и флуктуација на вработени на ниво на стопанска дејност и пошироко на ниво на држава?
  • Кои правни механизми ни стојат на располагање и можат да се применат за да се задржат вработените на работа и да работат квалитетно и посветено?
  • Како да се воспостави систем на добро корпоративно управување, какви треба да бидат договорите за вработување и каква е судската пракса во оваа област (како да се подготвуваат договорите, какви клаузули треба да стојат, кога треба и смее да се казни, како се става конкурентска клаузула, кога се тужи, дали е добро да се тужи, како е во пракса)

Данче Чакаровска

Данче Чакаровска е адвокат со повеќе од 25 годишно искуство во областа на корпоративното управување со специјалност за корпоративно управување во семејни компании. Поседува посебно искуство и знаење кога станува збор за можноста за наследување на компаниите согласно домашното законодавство, како и менталитетот, свесноста и културните вредности на сопствениците на компании за навремено регулирање на постпката за преземање на компанијата од нивните наследници. Истата е и сопственик на семејна канцеларија, па поседува и лично искуство во оваа област.


III Стрес на работно место и финансиски импликации за компанијата (Burnout)

Додека одреден стрес на работно место е нормален, прекумерниот стрес може да ја намали вашата продуктивност и негативно да влијае на вашето физичко и ментално здравје. Прекумерниот стрес може да го доведе во прашање успехот во вашата работа. Jасно е дека не може се да се контролира  во работната средина, но тоа не треба да значи дека вие сте немоќни. Какви и да се барањата од вас и вашите амбиции, има чекори кои можете да ги превземете како би се заштитиле од штетните ефекти на стресот.

  • Сте помислиле ли дека и ваши подредени го чувствуваат истото?

Колку ја чини компанијата ако вработените ви се под постојан стрес?

„Мојот менаџер никогаш не ми дозволува да мислам за себе. Дури и наједноставните задачи ги објаснува до најмал детал и ја проверува мојата работа цело време. Се чувствувам многу исфрустрирано и немоќно.“

 Димитар Боневски

Проф. д-р Димитар Боневски др. сци. невропсихијатар е вонреден професор на катедрата за психијатрија и медицинска психологија на Медицински факултет Скопје. Работи во Центарот за ментално здравје, каде се занимава со третман на возрасни и адолесценти кои страдаат од различни типови на стрес, траума, невротски и психотични растројства. Низ своето долгогодишно работно искуство се стекнал со големо позвање во областа на разбирање, превениција и третман на стрес. Тој е автор и ко-автор на повеќе од 70 научни трудови објавени во национални и интернационални медицински и псхијатриски журнали.

Форма за пријавување за обуки

v