Adizes TOP LeaF Program

  • Програма: Правила и стилови на менаџирање (Roles & Styles of Мanagement)

    Дали знаете дека познатите компании Hewlett-Packard, Disney, Hyatt, MTV, CNN, Microsoft, Burger King, настанале во период на економска нестабилност, хаос и рецесија?
    Секоја промена носи настани кои може да бидат или предности или проблеми за една организација.
    За да се биде над хаосот и дезорганизацијата која една промена може да ја донесе, и да се извлече бенефит од промената (како едиснтвена константа во окружувањето) подразбира подготвување на организацијата за состојба на раст и развој и континуирано учење и подобрување.
    Во овие рамки се гледа и издвојува вистинското лидерство.
    Дали промената ќе биде чекор напред кон градење поуспешна иднина и подобро позиционирање на компанијата на пазарот, не е прашање на среќна околност, ниту пак на стратешко решавање на ситуациите.
    Менаџирање и управување на промената подразбира многу поголемо постигнување, пед се во менаџирањето и водењето.

    повеќе


  • Програма: Управување со промени (Masterig Change)

    Во секојдневното функционирање на организациите, менаџерите се соочени со илјадници предизвици, кои со оглед на нивниот карактер, интензитет и насока на дејствување, можат силно да влијаат и да ја предодредат иднината на организациската целина.
    Дали знаете како да се соочите со организациските проблеми?
    Овој модул нуди детална анализа на основите на менаџментот. Ќе научите како да ја перцепирате реалноста, како да изградите взаемна почит и доверба  во вашата организација.
    Модулот е насочен кон детална анализа на темите за обезбедување на ефективна имплементација на одлуки, делегирање на одговорности, донесување на одлуки и алатки за водење на успешни состаноци.

    повеќе


  • Програма : Структура и животни циклуси на организација

    Во овој модул се разработува теоријата на организациските животни циклуси и принципите за водење на организациски промени.
    Изучувањето на овие принципи ќе Ви овозможи да направите разлика помеѓу нормалните и абнормалните проблеми во организацијата и да ги примените соодветните интервенции.
    Се прави детална анализа и се објаснува зашто организациите растат, стареат и умираат и што да се превземе во врска со тоа.
    Детално се опишуваат и анализират вообичаените патеки по кои организациите растат и оптималната патека по која треба да е тргне и да се одбегнат типичните проблеми на растење и стареење.
    Ќе научите како да управувате со организациските промени, како да излезете од основачката замка, како да ги вработите вистинските луѓе.

    повеќе