Прилагодени програми

Ние работиме заедно со нашите клиенти и нашата цел е да развиеме долгорочни односи, засновани на взаемна доверба и почит.

Веруваме дека секој клиент е посебен и на секој треба да му се посвети посебно внимание.

Затоа нудиме специјализирани програми за развивање на деловните вештини, решавање на соодветни бизнис прашања и проблеми, прилагодени според потребите и барањата на нашите клиенти.

На сите прилагодени програми ставен е акцент на позиционирање и мотивација. Со нашиот тим од експерти, нашето искуство и знаење, веруваме дека ќе им обезедиме на нашите клиенти соодветни програми обликувани според нивните барања.

За да ги дознаеме потребите на нашите клиенти, користиме соодветна методологија, базирана на најсовремени модели за деловен консалтинг и едукација, со употреба на конкретни алатки и соодветно аналитичко истражување.

Прилагодените програми нудат:

  • Утврување на едукациски потреби, спроведени со соодветни прашалници и анкети;
  • Креирање на соодветна и прилагодена едукациска програма;
  • Организирање на тренинзи, предавања и интерактивни работилници, според потребите на нашите клиенти.

„Време е да воспоставите нови насоки за корпоративно однесување“