Консалтинг

Решение за секоја потреба

Секогаш постои решение за секој предлог. И ние имаме многу од нив специјално приспособени за Вашите потреби.

 

Синергетска дијагноза на Вашата организација

Во која фаза на животен циклус е Вашата компанија? Кои се точките на потенцијално подобрување?

Тргнувајки од Адижес методологијата, нудиме консултантски сесии кои ќе Ви помогнат да ги идентификувате потенцијалните точки за подобрување во Вашата компанија.

Дополнително, имаме долгогодишна експертиза во различни функционални консалтинг области како човечки ресурси, маркетинг, продажба, финансии.

 

Европски фондови

Република Македонија заостанува со искористувањето на расположливите средства од пред пристапните фондови според извештајот од Европската унија. Ова се должи најмногу на ниското ниво на информираност и недоволната едукација за фондовите и рамковните програми на потенцијалните корисници, како и недоволен број на пријавени проекти. Со цел да го намалиме овој јаз на информираност ви ја понудуваме нашата експертиза.

Доколку ви е потребно финансирање или сакате да учествувате на ЕУ проекти, сакате да се најдат партнери за вашите предлози, помош во подготовка на потребната документација, или проценка на релевантноста на вашите идеи кон различните ЕУ програми, ние сме ваш совршен асистент за тоа.

Нашите познавања на националните и ЕУ деловни практики, законодавството на ЕУ, правилата за конкуренција и можности за финансирање ни овозможува да обезбедиме на нашите клиенти сеопфатни ЕУ совети за користење на европските фондови. Ние се стремиме за поддршка на корисниците во процесот на апликација  почнувајќи од секојдневно следење и информирање за финансиските програми и тендери на ЕУ, целосна подготовка на предлог проект и апликација за финансиска програма од ЕУ, пишување проект, посредување во обезбедувањето на целосната документација која се бара во апликацијата, помош при дефинирање и поврзување со домашни и странски партнери, имплементација,  мониторинг, и евалуација (подготвување на извештај) на проектите избрани за финансирање од ЕУ итн., се со цел да се обезбеди максимална корист и долгорочен ефект за развој.

Услуги

  • Анализа на вашиот бизнис за проектна идеја
  • Идентификација на потенцијални грантови и фондови пред аплицирање
  • Проценка на барањата на грантови и развој на апликации за грантови
  • План за развој на предлог проект
  • Изработка на проектна апликација и документација
  • Проектен менаџмент
  • Имплементација, мониторинг и евалуација на проекти