Лиценцирани обуки

Покрај редовните обуки кои се во организација на Clear View BTC како резултат на долгогодишната редовна соработка со Адижес Институтот од Санта Барбара организираме и обуки кои се поткрепени со лиценца.

Имено Clear View BTC е единствениот Бизнис Тренинг Центар во Македонија кој нуди лиценцирани обуки за менаџери кои што обуки се со одличен квалитет и се по лиценца од светски реномиранот Адижес Институт.

Адижес Институтот е рангиран меѓу првите 30 институции во однос на квалитет и компетентност како и оригиналност на методологијата која ја разработува. Рангирањето е направено од страна на светски реномираниот бизнис меагазин FORBES. Овој магазин меѓудругото го рангира основачот на Адижес Институтот, Др. Исак Адижес (Ichak Adizes) за еден од 10-те гуру за менаџмент во светот.

Адижес методологијата е практично применлива методологија за менаџмент која го опфаќа целиот процес на менаџирање на една компанија, невладина организација, држава или друга форма на организација. Имено методологијата започнува од процесите на формирање на една организација, селекција на вработени и менаџерски тим за компаниите, менаџирање со мали и средни организации, менаџирање со промени, фази на преоѓање од мала кон средна организација, од средна кон голема организација итн. Методологијата најголемиот фокус го има посветено на развојот на организациите и на различните животни циклуси на организациите т.е. фокусот е ставен на тоа како најлесно да се справиме со одржување на организациите во одлична форма, во форма и тренд на пораст на бизнисот и компанијата, во добра форма во однос на мотивирани вработени итн.

Clear View BTC лиценцираните обуки за менаџери ги има од почетокот на своето функционирање, секоја година редовно се обновува договорот со Адижес Институтот од Санта Барбар и секако ние продолжуваме и понатаму да развиваме обуки и да преговараме за ексклузивни соработки со реномирани институции од светот се со цел да ја подобриме бизнис климата во Македонија и да ги развиваме менаџерските способности на менаџерите во Македонија.

Работиме во согласност со потребите на нашите клиенти, редовно ги обновуваме и доразвиваме програмите според светските трендови и редовно покажуваме дека влијаеме на подобрување на перформансите на се поуспешните менаџери во Македонија!