Видео Конференциска Опрема

Видеоконференциската технологија овозможува две страни кои се географски на различни локации да воспостават комуникација со слика и звук.

Модерната видеоконференциска опрема овозможува видеоконференцирање online преку интернет, без сателитски или меѓународни трошоци.

Електронската комуникација со видео линк пеку употреба на професионална видео-конференциска опрема е со одличен квалитет што овозможува поефикасна комуникација помеѓу двете страни.

Видеоконференцијата ја подобрува комуникацијата меѓу бизнис партнерите, посебно во периодите на подготовка на професионални заеднички состаноци и за време на проекти за истражување на повеќе локации.


Со употреба на видеокомуникациска опрема покрај можноста за подобро одржан состанок, средба, овозможени со можноста за слика и звук во реално време исто така од големо значење е и тоа што драстично се влијае на намалување на трошоците за состанокот со тоа што се избегнува патување од една до друга локација на било која од страните, а се намалува и потребното време за реализација на состанокот.

Видеоконференциската опрема овозможува размена на илустрации, видеа, мапи и други материјали и фајлови.

Користејќи ISDN или IP технологија вашата слика дигитално се репродуцира: работи како двонасочен телевизор со симултан звук и слика.

Понекогаш видеоконференциската врка е позната и како 'видео врска'.

Видеоконференцијата може да се користи за:

  • Учење/обука на далечина;
  • Обука за производи за вработените и клиентите;
  • Презентации на производите и нивно пласирање на пазарот;
  • Дизајн и креативна пресметка, проект поврзување;
  • Бизнис-бизнис (B2B) консултантски услуги;
  • Интервјуа за регрутација;
  • Бизнис состаноци;

Видеоконференцирањето е веќе добровоспоставено во рамките на се поголем број на големи организации. Милиони висококвалитетни системи се користат ширум светот денес. Со повеќето системи можете да покажете документи користејќи електронска камера за документи, да покажете информации директно од вашиот персонален компјутер или да гледате претходноснимена касета, или дури и да ја снимате вашата сопствена презентација.

Во склоп на видеоконференциската опрема постои можност со посебна назнака да состаокот, настанот биде снимен и секоја од страните да добие снимка од реализираната средба!

Clear View BTC поседува 2 (два) комплета на професионална видеоконференциска врска од брендот Polycom!