Вести

Eксклузивно: микроекспресии во Македонија!

Најдобрите продавачи, преговарачи и говорници се одвојуваат од останатите според тоа колку се добри во препознавањето на микроекспресиите!

Што се микроекспресии?
Дали сте го гледали филмот „Лажи ме“? Човек кој по изразите на лицето помага на америчките институции  во решавање на крими - случаи. Со врвното познавање на изразите на лицето ја чита вистината.
Нашата цел е да ве поттикнеме на вештина која помага во секојдневната комуникација – деловна или општа, во комуникација со вашето семејтво, пријателите, колегите и со непознатите луѓе. Се користи во некои области на психологијата, а ние, оваа вештина ја промовираме за подобрување на продажбата, презентациските вештини и прегиварањето.

Микроекспресиите се исклучително краткотрајни изрази на лицето кои траат дел од секунда.  Се јавуваат кога личноста намерно или несвесно крие чувства – седум емоции имаат универзални знаци: лутина, страв, тага, одбивност, презир, изненадување и среќа. Можете да научите да ги препознаете.

Зошто се важни?
Препознавањето на микроекспресиите помага во:

  • Подобрување на Вашата емоционална интелегенција – Еден од најважните елементи за подобрување на емоционалната интелегенција е развивањето на вештини кои ви помагаат за да го разберете човековото лице. За разлика од јазикот,  изразите на лицето кои се универзални системи кои ја одразуваат емотивната состојба на личноста од момен во момент.  Учењето како да се се читаат микроекспресиите помага да ги препознаете  на другите и во исто време ќе станете повеќе свесни за вашите чувства. 
  • Развијте го Вашиот капацитет за емпатија – емоциите играат клучна улога во нашите интеракции. Општите  изрази на лицето – макро изразите – не можат точно да дадат одговор на тоа кој како се чувствува.  Кога ќе можете  да ги препознаете моментните и повеќезначните  изрази кои се јавуваат, ќе станете повеќе чувствителни на спектарот на емоции и другите ќе сакаат да знаат дека се чувствуваат. Можете да станете повешт во забележувањето кога почнува емоцијата , кога таа е прикриена и кога личноста не е свесна што чувствува во моментот. Овие вештини можат да ви  помогнат  да станете почуствителни за вистинските чувства на другите и да ги научите другите дека се вистински „видени“.
  • „Фатете“ ги скриените емоции -  кога некој се обидува да ги скрие емоциите, „протекувањето“  на емоциите секогаш е видливо на човековото лице. „Протекувањето“ може да биде ограничено на една област на лицето (мини или префинето изразување) или може да биде брз израз кој кско молња светнува на целото лице (микроекспресија). Повеќето не ја препознаваат оваа важна трага, која со тренинг би можеле да ја научите да ја препознаете. 
  • Подобрете ги своите пријателства  – Лицето нуди најдобар прозорец кон чувствата на луѓето. Подобрувајќи ја оваа способност да ги препознаете туѓите емоции го зголемува разбирањето кое овозможува да се поврзете со другите луѓе. Истражувањта велат дека луѓето кои знаат да ги препознаат микроекспресиите се омилени кај колегите.
  • Разбирање на другите – Истражувањата на др. Екман ( Dr. Ekman) покажуваат дека секогаш забораваме на изразите на лицето кога се кондрадикторни со изговорените зборови. Засегамикроекспресиите на лицето се универзален систем – секој ги има и го раководат вашето внимание. Дури и луѓето со сосема различни култури, луѓето кои не го зборуваат вашиот јазик ги имаат истите емоции и ги израцзуваат на ист начин. Кога учите да ги препознаете микроекспресиите, ја воочувате разликата помеѓу тоа што го слушате и тоа што го гледате  - од вашите пријатели и семејството до апсолутните странци.
  • Препознајте ги и управувајте подобро со вашите емоции – Кога се учи да се препознаат изразите од емоциите на лицето во дрига рака помага и да се научат сопствените емоции. Според истражувањата, со имитирање на емоција со правење на израз на сопственото лице, се иницира внатрешно психолошко искуство на таа емоција. Кога намерно се тренирате себе си да ги поврзете изразите на лицето со внатршното чувство, ја подобрувате вашате свесност за внатрешните емоции. Ги подобрувате своите можности за препознавање кога станувате емотивно возбудени. Оваа свесност помага да управувате со изразувањето на вашите емоции.


Каде можете да дознаете повеќе за микроекспресиите?
Повеќе инфо на.... 2 461 477.

 

 

 


назад