Вести

Дали умеете да комуницирате?

Дали умеете да комуницирате?

Ова прашање, има ли воопшто смисол?


Стандарден и логичен одговор на прашањето „Дали умееш да комуницираш?“ е „Секако!“ Под овој одговор ја подразбираме нашате способност да говориме, но комуницирањето е многу повеќе од тоа.

Комуникацијата е двонасочен процес, подразбира слушање, гледање и разбирање, искажано и неискажано. Не постои комуникација во колку не постојат барем две страни кои разговараат и разбираат ист јазик – јазик кој што се изговара, јазик со знаци или јазикот на говорот на телото. Исто така, со личноста со која што сте во интеракција можете да престанете да раскажувате, но секако не престанувате да комуницирате и на невербално ниво. Затоа, кога сте лути на некого, не велете „Не сакам да комуницирам со тебе“, туку „Не сакам да разговарам повеќе со тебе“. Приказната е само еден дел од комуникацијата, често многу помал и многу помалку значаен. Затоа е важно на вистински начин да го сфатиме значењето на нереченото, но искажаното.


Запознавањето со микроекспресиите и говорот на телото е вистински начин да бидете поуспешни во деловниот и приватниот живот.

 


назад