Профил на компанијата

Основан во 2005 година како дел на е-BIZ проектот на USAID, Clear View BTC - Бизнис Tренинг Центар, стана место каде менаџерите од различни компании доаѓаат да го прошират своето знаење и на тој начин да станат поефикасни, а нивните компании поуспешни. Основната идеја е да се овозможи квалитетна дополнителна едукација во Р. Македонија за воспоставување на обучени раководни структури, преку имплементација на менаџмент тренинзи кои се лесно достапни, со заштеда на време и пари за целните потрошувачи.

По успешната соработка со USAID, Clear View BTC, самостојно ја продолжува активноста со цел да прерасне во центар за соработка и унапредување на знаењето и способностите на веќе докажаните менаџери и оние кои тоа ќе бидат.