Актуелно

Корпоративни животни циклуси

Имате проблеми во бизнисот? Па, фала му на Бога! Проблемите доаѓаат со промените, промените доаѓаат со раст, и ниту една компанија некогаш не стигнала до врвот на перформансите без раст. Борбата за успех е борба со проблеми. Радувајте се. Без проблеми ќе бидете мртви - промени нема само на гробишта!

Но, постојат проблеми и проблеми. Некои проблеми се закануваат додека други повикуваат. Како добри родители, добрите извршни директори знаат дека некои проблеми не се вредни за интервенција. Тие се нормални, соодветни на она каде се наоѓате, па дури и предвидливи - мали вирози, стресови, притисоци, и стапици на успешни корпорации раст и развој. Некои закани извршните директори ги избегнуваат со преземање на превентивни достапни вакцини. Колку повеќе од заканите ги третираат брзо и вешто толку помалку тие прераснуваат во вистински проблеми.

Абнормалните проблеми се нормални проблеми во погрешен тајминг. Тие се нормални проблеми кои се појавуваат во време кога не би требало - како на пример заушки или скршеница кои може да бидат фатални за средовечни луѓе, или остеоспороза во адолесценцијата. Ако извршните директори не се во можност да се справат ефикасно со проблемите со кои се соочува нормално растечки бизнис, овие проблеми ќе станат хронични.

Ако лидерите не може да се справат со проблемот со истата енергија со која тие се однесуваат кон други проблеми, тој проблем е абнормален. Ако истиот вид на проблем се повтори и покрај тоа што основачот се обидел да го реши, тој проблем е абнормален. Ако основачот има потреба од надворешна стручна помош за да реши проблем, тогаш тој проблем е абнормален.

Спротивно на тоа, нормалните проблеми се оние кои основачите може да ги решат рутински со примената на нивната енергија. Ако извршниот директор може да ја зголеми продажбата, да создаде нови пазари да ја контролира готовината, сметките, побарувањата, инвентарот, да дизајнира нови производи така што компанијата е во можност да се искачи кон зенитот (топ формата) -  идеалната фаза на балансирана креативност и дисциплина - тогаш овие проблеми се нормални.

Пред да може да се суди дали проблемот се случуваат во нормалнo време или не, мора да го разбереме корпоративниот животен циклус. Откако компаниите ќе знаат каде се тие во релација со топ формата, тие можат да учат  што  треба да направат за стигнат во фазата на оптимални подтигнувања (зенит, топ форма) - за прв пат или да се вратат ако претходно биле во топ формата па ја изгубиле.

Дефинирањето на фазата на животниот циклус е збир на активности: потребните чекори за млада компанија да стигне до топ форма или за постара компанија да ја поврати загубената топ форма. Постојано, реални компании живеат низ процесот и ја потврдуваат суштината на теоријата во пракса. Успешните организации страсно ја негуваат и нивните експанзивна, креативна енергија и нивната потреба за структурата и дисциплина. Тоа е динамиката на организациите во топ форма.

Корпоративниот животен циклус се дефинира со меѓусебните односи на на флексибилност и контрола. Тие не се дефинирани со хронолошката возраст на компанијата, продажбата, или бројот на вработени. Целта е да се постигне - и да остане во топ формата. 

10 Фази на корпоративниот животен циклус

1. Додворување. Така-наречените основачи (потенцијални претприемачи) се фокусираат на идеи и идни можности. Зборуваат за амбициозни планови. Додворување завршува и детството започнува кога основачот ќе престане само да зборува, ќе направи нешто и ќе превземе ризик.

2. Детство. Вниманието на основачите се менува од идеи и можности кон резултати. Потребата да се реализира  продажбата ја прави оваа фаза ориентирана кон акција и можности. Никој не обрнува многу внимание на документацијата, контрола, системи, или процедури. Основачите работат и по 16 часа на ден, шест до седум дена во неделата, обидувајќи се се да направат сами.

3. Go-Go. Ова е фаза на брзиот неконтролиран раст. Продажба се уште е кралот. Продажбата континуирано расте но, тоа не значи дека расте и профитот. Основачите се уверени дека не може да направат грешка. Бидејќи тие на се гледаат како на можност, нивната ароганција ги остава  бизнисите ранливи на грешки. Ги организираат компаниите зависно од луѓето, а не функциите. Способните вработени, скенираат и прават, носат многу капи, но на вчудоневиденост на нивниот персонал, основачите сами ја носат секоја одлука. Не делегираат, и не ги овластуваат вработените за ништо - целата контрола е во нивни раце.  

4. Адолесценцијата. Во текот на оваа фаза, компаниите се во нова форма. Главниот основач назначува оперативен директор, но се уште му е тешко да го предаде кормилото. Ставот 'ние'  наспроти 'тие' (оперативниот директор и неговите или нејзините поддржувачи) попречува операции. Има внатрешни конфликти, луѓето имаат малку време да им служат на клиентите. Компании страдаат од привремено губење на видот.

5. Топ форма. Со обновување на јасноста на видот, компаниите воспоставуваат баланс помеѓу контрола и флексибилност. Сè доаѓа заедно. Дисциплинирани, а сепак иновативни, компаниите постојано ги задоволуваат потреби на нивните клиенти. Нови бизниси никнат во рамки на организацијата, и тие се децентрализираат за да овозможат нови можности за раст.

6. Стабилност. Компании се уште се силни, но без желба за раст како во претходните фази. Ги поздравуваат новите идеи, но со помалку возбуда од претходно за време на растечки фази. Луѓето од финансии почнуваат да наметнуваат контрола над краткорочните резултати на начини кои ги прекинуваат долгорочните иновации. Акцентот на маркетинг и истражување и развој веќе го нема.

7. Аристократија. Избегнувањето ризик станува начин на живот. Надворешни знаци на почит - скапа облека, канцеларија со декор, возила, титули - добиваат на значење.Компаниите купуваат застарени бизниси (хотели, кафани...) а не startup компании со потенцијал. Културата е базирана на покажување како нештата се прават, а не зошто се прават. Лидерите се потпираат на минатото за да носат одлуки за иднината. Трошоците почнуваат да ги надминуваат приходите, но компаниите уште фунцин

8. Обвинување. Во оваа фаза на распаѓање, компаниите спроведуваат лов на вештерки за да се дознае кој греши, а не се обидуваат да откријат што не е во ред, и како да ја коригираат грешката. Намалување на трошоците има предност во однос на напорите кои би можеле да ги кренат приходите. Се јавуваат интерни војни, бодење ножови во грб и корпоративни заткулисни пресметки. Директорите се борат да ги заштитат нивните фотељи, изолирајќи се од своите колеги директори. Љубомората царува.

9. Бирократија. Ако компаниите не умират во претходната фаза - можеби тие делуваат во регулирана околина каде критичен фактор за успех не е задоволување на потребите на клиентите, туку политички средства или моќ - тие ќе станат бирократски организации. Прирачници, папирологија, правилата и политиките ги згаснуваат иновацијата и креативноста. Купувачите се оставени и заборавени - и тие треба да најдат начин за да го добијат вниманите од компанијата.

10. Смрт. Оваа последна фаза може да се влече во текот на неколку години, или да настапи одеднаш, со еден голем удар. Компании се урнат кога тие не можат да ја генерираат готовината која им е потребна и одливот конечно ги исцрпува сите приливи.

Зошто анализа на животен циклус на компаниите? 

Организациите се како живи организми и поминуваат низ дефинирани фази од животниот циклус. Секоја фаза се карактеризира со различен сет на предизвици. Колку добро или лошо менаџментот ги третира тие предизвици води кон здрава транзиција кон следната фаза, и има критично влијание врз успехот или пропаѓањето на организацијата.

Тескстот е преземен од inc.com, напишан од страна на др. Исак Адижес

Што е разликата помеѓу животниот циклус кај компаниите и кај организмите?

Тоа што кај компаниите животниот циклус не е хронолошки, како кај живите организми и тие не мора да доживеат смрт. Постојат 20 годишни организации заглавени во адолесценција, и 3 годишни организации кои умираат. Способноста на менаџментот да дефинира каде се наоѓа, и да ги реши проблемите е клучна за транзиција и одржување кон фазата на топ форма.

Да знаете во која фаза на животен циклус се наоѓа Вашата компанија, испратете ни порака на info@clearview.com.mk или побарајте не на 2 461 477 и овој август може да добиете бесплатна алатка за дефнирање на фазата на животен циклус во која се наоѓате.


назад