Настани

Startup Grind Skopje: Како да развиете иновација и да обезбедите инвестиција? - Митко Цабевски

 

 

Startup Grind Skopje, 17 декември

 

Како да развиете иновација и да обезбедите инвестиција 

 

Како да „дизајнирате иновативни производи со корисниците на ум“?

> Како да стигнете до SeedCamp, најпознатиот Европски „tech seed investment” акцелератор?

Што може да научиме од еден од најуспешните стартап основачи на нашите простори?

> Како до инвестиција за стартап: што сакаат инвеститорите да видат и чујат - запознајте ги ангелите од CEED Business Angels Network!

 

Зачувајте ја датата: На 17 декември, среда, од 17.30 до 20.30 часот се случува третиот Startup Grind Skopje во просториите на Аmerican College Skopje. 

 

Ќе го слушнеме човекот, кој уште од првиот Startup Grind Skopje настан беше номиниран за говорник, Митко Цабевски. Митко е ко-основач на uPlug.me и основач на Ambio.me. Талентиран продукт менаџер и претприемач со докажани остварувања во планирањето, развој на стратегии и лансирање на нови производи.

 

По напуштањето на Vip оператор, каде работеше како менаџер за иновации и учествуваше во развојот на голем број на производи, тој го основаше стартапот Ambio кој сега е дел од ITgma.

 

Во неговото стартап искуство, може да се истакне дека има учество во бројни стартап настани, акселератори и организации како Seedcamp Њујорк, StartupBootCamp Копенхаген, TechStarts Демо Денови Париз, StartupCamp Риека и други. Тој е исто така еден од организаторите на Startup Weekend Скопје.

 

Неодамна ко-основаше нов хардвер стартап, uPlug.me, за кој обезбеди инвестиција од акселераторот Eleven во Софија. 

 

Митко ќе ни открие како успешно да развиете иновативен производ, како да го пласирате пред инвеститори и како да влезете во некои од најпознатите стартап настани и акцелератори.

 

По Митко, ќе го чуеме Веле Самак, Министерот за странски инвестиции, кој ќе говори за неговото искуство и перспектива околу иновациите и претприемништвото.

 

 

Запознајте ги бизнис ангелите и „pitch”-увајте идеја!

Ќе следи кратко претставување на CEED Business Angels Network - една од првите формални мрежи на ангел инвеститори во Македонија. Ќе чуеме како работат и што сакаат да видат од стартап во кој гледаат потенцијал за инвестиција.  

 

Како да се регистрирате за 17 декември?

Влезниците се во продажба

- Regular: 450 денари (9$) до 17 декември.

 

Во котизацијата е вклучена 3 часовна програма, пијалок и „finger food”, дружба и стекнување нови контакти нови пријателства, споделување на информации и знаења, и отварање на можности за идна соработка.

 

Да резервирате билет пишете ни на info@clearview.com.mk или  070 29 44 19 или директно купете online од Startup Grind страницата

 

Билетот се смета за резервиран по уплата

  • на Клиар Вју БТЦ, депонент на Комерцијална банка АД Скопје.
  • жиро с-ка: 3 000 000 0 18 11 705
  • Цел на уплата - учество на Stratup Grind Skopje
  • Koтизација - 450 денари

или испринтан билет за онлајн уплата на Eventbrite http://www.eventbrite.com/e/startup-grind-skopje-hosts-mitko-cabevski-uplug-tickets-14112066571

 

 

Се гледаме на 17 декември на University American College Skopje, бул. Трета македонска бригара, бр. 60 (има паркинг)

 

Други убави работи...

Проверете ја новата апликација на Медо, првиот говорник на Startup Grind Skopje. А, кога сте веќе таму, може и да притиснете +1.

 

Имате прашања, идеи или забелешки. Одлично! Тука сме секое време!

www.clearview.com.mk | info@clearview.com.mk | 070 29 44 19 | 2 461 477

 

 

 

 


назад