Настани

Бесплатно предавање со Томислав Бронзин, регионален директор на Микрософт 2003-2013

 

 

Aјде да зборуваме за иновации и зголемена продуктивност

со мобилни уреди и cloud!

 

Регистрирајте се тука!

 

Февруари решивме да го посветиме на иновација, мобилни и cloud.

 

Доаѓа човекот кој: 

>> носи искустви како Microsoft регионален директор 10 години

>> има освоено 40 златни медали за иновации во ИТ 

>> CEO и основач е на стартапот CITUS 

>> и само за вас ќе одржи бесплатна работилница на тема иновации и зголемување на продуктивноста со Office 365 алатките.

 

Не пропуштајте ја единствената можност и бидете дел од предавањето на Microsoft MVP нинџата, Tомислав Бронзин во Македонија!

 

Што поточно ќе се случува?

Интерактивно дружење!

>> Ако сакате да чуете за искуството на Microsoft Most Valuable Professional и CEO на Microsoft Gold Partner компанија,

>> и сакате да дознаете како може да ги искористите можностите на мобилни уреди и cloud за да ја зголемите продуктивноста дома на работа или на факултет...

...сега ќе имате можност.

 

Слушнете го Microsoft Most Valuable Professional, Tомислав Бронзин, кој ќе оддржи интерактивно предавање за тоа како да ја зголемите продуктивноста користејќи Мicrosoft office 365 cloud на вашите персонални компјутери, мобилни уреди и таблети, и тоа не само за Windows туку и за iОS (Apple) и Android платформите. Доколку сте немале шанса да ја испробате оваа алатка (вистински, без шминка) или сакате да чуете за искуството на еден врвен MVP и CEO, ве чекаме!

 

Дознајте повеќе за новитетите кои доаѓаат или веќе се тука!

 

Koj e Toмислав Бронзин?

Toмислав Бронзин, Microsoft Most Valuable Professional - МVP (да, 10 години по ред) е основачот на компанијата CITUS, специјализирана Microsoft Gold Partner компанија за консултации во дизајн, развој и тестирање на софтверски решенија на платформата на Microsoft. Негова специјалност се cloud и мобилната технологија, со посебен акцент на Office365. Тој е чест говорник на Microsoft конференции низ целиот свет, организатор на конференцијата MobilityDay 9 години, а на WinDays е вклучен како организатор и предавач веќе 14 години. Помага во организација на најголемата регионална конференција на MS заедницата, KulenDayz. Покрај тоа, предава на и колеџот за применети компјутерски вештини - Алгебра, и е гостин предавач на неколку универзитети. Тој е еден од основачите на MS заедница во Хрватска, INETA потпретседател за Европа, потпретседател за ИТ Associated Стопанската комора и беше регионален директор на Microsoft 10 години по ред од 2003-2013. Со неговиот тим има освоено над 40 златни медали за иновации во областа на ИТ во повеќе од 6 земји, и е добитник на национални признанија за иновации во Хрватска. 

 

Кога и каде треба да дојдете?

На 19 февруари 2015та година, четврток од 18 до 20.30 часот. 

На универзитетот South East European University во Скопје (Стара Чаршија, спроти Менада - МАПА).

 

Како да се регистрирате?

Ова е дел од акцијата #ЗаМлади на Clear View BTC, Семос Едукација и SEEU Tech Park за вас и е бесплатно. 

Се што треба да направите е да си резервирате место тука или пратете меил на info@clearview.com.mk. Регистарцијата е отворена до среда, 18 февруари. 

 


назад