Настани

Бесплатно предавање: Како да поставите цели и KPI, 3 април

Почитувани менаџери и сопственици на бизниси,

  • Дали имате поставено цели во Вашата компанија?
  • Дали Вашите вработени ги знаат истите?
  • Што се клучни показатели за успех и колку ги практикувате како мерлива алатка за Вашиот бизнис? 

Дојдете и дознајте за бизнис методологијата која ја користат најуспешните играчи во Европа и Америка: Adizes методологијата и нивните стратегии за поставување на цели и клучните показатели за успех (KPI).

Бидете дел од Adizes отворениот ден, кој ќе се одржи на 3 април 2015 година, петок од 17:30 до 19 часот, во хотел Долче Интернационал

За кого е наменета сесијата?

 

Сопственик, директор, менаџер на оддел или компанија?

Тогаш ја имате најкомплексната задача  – да добиете чиста стратегиска слика, да се фокусирате на што е потребно и на што треба да обрнете поголемо внимание, да го надгледувате напредокот кон посакуваната цел преку вистинските показатели за успех.

Дознајте како најуспешните, дури и во услови на рецесија, го прават тоа.

 

Менаџер за човечки ресурси?

Тогаш дознајте како да процените дали Вашите вработени ги знаат и како ги практикуваат целите и како се справуваат со напредокот на компанијата.

 

Членови на семејни бизниси

Работите во семеен бизнис? Адижес методологијата е посебно применлива за професионализација на бизниси кои започнале како смејни, кои сакаат да ги вклучат децата или наследниците во бизнисот...

Теми за кои ќе зборуваме

  • Може да се подобри само она што се мери. Како да ги одредите мерливите цели на компанијата?
  • Како да добиете јасна стратегиска слика?
  • Зошто некои вработени ги знаат целите на компанијата, а некои константно се губат?
  • Како да се воздигнете себе си и Вашата организација со врвни перформанси над хаосот на денешницата?
  • Како да го мерите напредокот на компанијата и на вработените?
  • Како кризата да биде предизвик за поголем успех?

Предавањето е од 17.30 до 18.30 по што следи неформална дружба и вмрежување.

Методологија и предавач

 

Дојдете и откријте ја Adizes методологијата.

Аdizes е моќна методологија за развој лидерството, која ги подобрува лидерските вештини на менаџерите, придонесува за континуиран напредок на компанијата и тимовите во неа.

Доказ за успешноста се светските признанија и ранг меѓу 10 најдобри бизнис тренинг и консултантски куќи во светот

 

Предавач е Жељко Јандриќ, сениор Adizes консултант од Adizes South East Europe.

Како да се регистрирате?

 

Пратете е-меил со Вашето име, презиме, компанија, позиција и контакт телефон на info@clearview.com.mk. Регистрацијата е отворена до петок, 12 часот пладне. 

 

Ве чекаме во петок во 17.30 часот во Хотел Долче Интернационал, Партизански одреди 48 (позади Неуромедика)


назад