Стрес на работно место и финансиски импликации за компанијата (Burnout)
Додека одреден стрес на работно место е нормален, прекумерниот стрес може да ја намали вашата продуктивност и негативно да влијае на вашето физичко и ментално здравје. Прекумерниот стрес може да го доведе во прашање успехот во вашата работа. Jасно е дека не може се да се контролира во работната средина, но тоа не треба да значи дека вие сте немоќни. Какви и да се барањата од вас и вашите амбиции, има чекори кои можете да ги превземете како би се заштитиле од штетните ефекти на стресот.
- Дали си под стрес на работното место?
- Дали стресот кој го чувствуваш ти делува мобилизирачки или ти го отежнува извршувањето на работните задачи?
- Дали си под закана за burnout?
- Сте помислиле ли дека и ваши подредени го чувствуваат истото?
- Колку ја чини компанијата ако вработените ви се под постојан стрес?
„Мојот менаџер никогаш не ми дозволува да мислам за себе. Дури и наједноставните задачи ги објаснува до најмал детал и ја проверува мојата работа цело време. Се чувствувам многу исфрустрирано и немоќно.“
Стресот во современиот начин на живеење е помалку или повеќе секојдневна појава со која се соочуваме. Стресот на работното место е исто така неизбежен. Основната цел е да се прави разлика помеѓу стрес кој всушност е мобилизирачки фактор во обавувањето на секојдневните обврски и сам по себе нема негативно влијание на психолошкото функционирање на личноста од стрес кој значи подлготрајна изложеност на поизразени стресогени фактори кои го ставаат под притисок севкупното психолошко функционирање и доведуваат до одредени симптоми. Долготрајните стресни состојби на работното место во крајна линија можат да доведат до психолошко прегорување „burnout“. Од особено значење е превенирање на долготрајните стресогени состојби, навремено препознавање на симптомите на проролонгираниот стрес на работното место и нивно надминување за избегнување на психолошкото прегорување на работното место.
*Цената од 4000 денари е со вклучен попуст од 20%, поради тековната новогодишна кампања.
Запознај се основите за стресот на работното место и начините за превенирање на несаканите последици од него.
Проф. д-р Димитар Боневски др. сци. невропсихијатар е вонреден професор на катедрата за психијатрија и медицинска психологија на Медицински факултет Скопје. Работи во Центарот за ментално здравје, каде се занимава со третман на возрасни и адолесценти кои страдаат од различни типови на стрес, траума, невротски и психотични растројства. Низ своето долгогодишно работно искуство се стекнал со големо позвање во областа на разбирање, превениција и третман на стрес. Тој е автор и ко-автор на повеќе од 70 научни трудови објавени во национални и интернационални медицински и псхијатриски журнали.