Донесување на одлуки

Индивидуалнa или тимска активност?

Говорник: Нико M. Берберу / Раководител на маркетинг оддел во Витаминка АД Прилеп

  1. Секојдневното работење носи одредени предизвици кои сме склони да ги гледаме како проблеми.
  2. Што значи кога нешто ќе го наречеме Проблем? Oткако ќе го дефинираме, потребно е да се превземе нешто по тоа прашање.
  3. Донесуваме одлука како тој ке се реши, и кој е следниот чекор кој ќе го превземеме.
  4. Донесување на одлука вклучува правење на избор од повеќе алтернативи со цел решавање на некој специфичен проблем.

Од една страна, обврската за одлучување е најчесто одговорност  на едно лице, а од друга страна тимовите се особено ефективни во процесот на решавање на проблеми, бидејќи се составени од луѓе со комплементарни вештини. Овие комплементарни вештини,  му овозможуваат на тимот  разгледување на проблемите од различни агли, како и согледување на  импликациите од нивните одлуки од различни перспективи. Дали го земаме во предвид инпутот на младите при донесување на одлуки или сметаме дека искуството е тоа што дава за право да пресечеме?

Овој настан е поинаков и ќе се одвива на специфичен начин. Предвидено е воведно предавање проследено со дебата каде учесниците ќе бидат поделени во два тима „за“ и „против“. Предност на овој начин на обработка на одредени теми е што учесниците се предизвикани да излезат од својата вообичаена матрица на размислување и согледаат аспекти на темата кои инаку би ги пропуштиле. Станува збор за нетворткинг настан кој е наменет за сите сопственици на компании и менаџери.


  • Кога носиме одлуки, дали го земаме во предвид инпутот на младите?
  • Дали одлуката е донесена индивидулано или тимски?
  • Кои фактори ќе ги земеме во предвид при одлучување?
  • Дали одлуката е донесена низ одреден процес ?
  • Дали нашето искуство е пресудно за вистинска одлука?
  • Како да ја искористиме генерациската предност, за да работиме во духот на модерното време?
  • Како да ги вклучите младите (MIllenials) во процесот на донесување одлуки и да ја искористите нивната генерациска предност, за да вашите одлуки го одразуваат духот на модерното време?

  • Времетрање: 4 часа
  • Цена: 5.000
  • Забелешка: За двајца или повеќе пријавени од иста компанија следува попуст од 1000 денари и картата по учесник е 4.000 денари
  • Датум: 25.01.2019 со почеток од 13 часот (до 17 часот)

За говорникот:

Магистер Нико М. Берберу се здоби со титулата Магистер по Технички науки, во областа на Индустриско инжинерство и Менаџмент, Лиценциран Тренер е на IAPPD, Лиценциран тренер на IPSCM како и лиценциран модератор на Adizes TopLeaf Management Development Program. Низ своите менаџерски позиции во еминентни компании во автомобилска, енергетика и прехрамбена индустрија, тој ги применува своите интернационално стекнати вештини и техники во комуникација со различни типови на клиенти, утврдувајки ги нивните потреби и очекувања, пронаоѓање на нови пазари, преговарање, разрешување на конфликт и справување со поплаки, демонстрирајќи супериорна грижа за клиентите, како и вклучување на својот тим во процесот на донесување на одлуки.

Моментално раководи со маркетинг одделот во Витаминка АД Прилеп.

Форма за пријавување за обуки

v