FIRST TIME MANAGER
Менаџер по прв пат (First time manager)
Овој програм ги развива менаџерски вештини во 5 зони кои се од клучно значење за ефективноста на менаџерите и тимовите со кои тие управуваат.
Истражувањата покажуваат дека вештините на менаџерите во секоја од анализираните области се оценети негативно од страна на 60 % од нивните претпоставени и вработени.
Програмата го поттикнува чувството за одговорност за резултатите, преку техники на самоуправување и управување со вработените и развивање позитивен пристап кон управувањето.
Учесниците ќе се стекнат со 20 практични алатки кои ги користат сите врвни и успешни менаџери во секојдневното работење. Петте менаџерски зони опфатени со овој тренинг се: самоуправување, планирање, организирање (водење на тимот), мотивација и имплементација.
Тренинг агенда
Прв ден (сeбе-управување и планирање)
- Улогата и одговорностите на менаџерот во компанијата
- Што работат менаџерите? Што е потребно да се биде менаџер?
- Моделот со 5 менаџерски зони како методичен пристап кон менаџментот
- Како да ги препознаете и искористите своите јаки страни
- Познати менаџерски стилови
- Минтзбергови менаџерски улоги
- Како да го развиете својот менаџерски стил
- Како да направите функционален план?
- Поставување цели и приоритети и свесност кај вработените за нив
- Моделот SMARTER
- Планирање “top-down”
- Улогата на “middle” менаџментот
- Самоменаџирање и подобро искористување на времето
- Откривање на “крадците” на времето и подобрување на продуктивноста
- Креирање на позитивен баланс меѓу работата и животот
Втор ден (организација и мотивација)
- Структури и процеси. Дизајн, реинженеринг и зајакнување.
- Зошто се корисни тимовите и тимската усогласеност
- Правила за поставување на тимот околу заедничките цели
- Зајакнување на тимската работа, улогите и надлежностите
- Развој, динамика и недостатоци на тимовите
- Нови правила за функционирање на тимот и информирање на истиот
- Градење доверба и добри односи во тимот
- Поттикнување култура на одговорност кај вработените
- Од ентузијазам до прегорување
- Познати теории на мотивација – Маслов, Херцберг, Меклиланд, Лок
- Мотивација на вработените со разбирање на нивните емоционални потреби
- 10 фактори на мотивација и среќа на работното место
- Оддавање признание за добро завршените проекти
- Препознавање на потенцијалот на тимот и негово искористување
- Моделот +20/60/-20
Трет ден (имплементација и лидерство)
- Корегирање на непосакуваното однесување на вработените
- Надминување на непродуктивните работни навики (fake work)
- Компетенција, професионалност и правила на однесување
- Континуирано подобрување и квалитет на менаџментот
- Методи на контролинг и корективни акции
- Ефективно делегирање на одговорности и авторитет
- Најдобри практики за размена на конструктивен фидбек
- Транзиција на менаџерот во лидер
- Пет нивоа на лидерство
- Ситуационо лидерство
- Развивање на визијата, синтеза на мотивите и вредностите
- Ширење на компаниската култура низ организацијата
За кого е дизајниран овој тренинг?
Млади амбициозни луѓе со лидерски предиспозиции, сите вработени што се во улога на супервизори, тим лидери и раководители кои што треба наскоро да станат менаџери. Учеството на овој тренинг ќе биде непроценлив извор на поддршка на целиот тим и компанијата.
Пристап
Тренингот е интензивен, крајно интерактивен и практичен со низа вежби, симулации, дискусии и активно учество на присутните. Со успешно завршување на тренингот, се стекнувате со меѓународно признат сертификат и практичен прирачник.
Цели на тренингот
Со успешно завршување на овој тренинг учесниците ќе научат како да:
• Се справат со неефективните менаџерски навики
• Развијат вештини кои гарантираат ефективно менаиџрање
• Ги подобрат компаниските резултатите со воведување позитивен менаџмент
• Развијат чувство на одговорност за резултатите на тимот
• Развијат позитивен пристап во процесот на управување преку развој на
компанијата со развој на целиот тим
Датум на почеток: 10.04,2019
За повеќе од еден слушател од иста компанија следува попуст
Наведените цени се без вклучен ддв во износ од 18%.