Она што технологијата не може да Ви го обезбеди
За посетителите и компаниите кои учествуваа на конференцијата PM & IT 2019 следуваат посебни поволности за посета на оваа обука
Зошто е важно да се развијат меките вештини?
Порастот на автоматизацијаат и вештачката интелегенција покажуваат дека техничката подготвеност не е повеќе доволна за да се биде успешен. Исражување направено од страна на Линкдин, со анкетирање на 5 000 талентирани професионалци од 36 земји покажува дека
- 92% од анкетираните сметаат дека меките вештини се исто или поважни од техничката подготвеност при ангажирање на нов член во тимот
- 80% од анкетираните сметаат дека меките вештини имаат значителна важност за успехот на компанијата
Целата тренинг програма се состои од вкупно 15 теми, конципирана како ин-хаус тренинг во три блока од по 5 теми. Програмата за прв пат е достапна како обука од отворен тип, со која се опфаќа еден блок од 5 теми.
Предавач – Билјана Барукчиева
- Како искусен проектен менаџер, Билјана работела во повеќе мали и големи IT компании. Почнувајќи како PL/SQL девелопер, унапредувајќи ги нејзините технички знаења кон Oracle софтверите , станала првиот сертифициран Oracle university тренер во Македонија. Покрај унапредување на техничките познавања, работејќи на различни мали и големи проекти со различни тимови, се здобила со вредно искуство за креирање на тимови и нивна успешна мотивација и водење, унапредувајќи ги човечките, социјалните , комуникацииските вештини и емоционалната зрелоста на членовите на тимот.
За кого е наменет пакетот обуки
- Менаџери на средно ниво
- Проектни менаџери
- Лидери на тимови, технички лидери, супервизори
- ИТ и техничките професионалци
- Професионалци од различен сениоритет
Обуките се со висок степен на проактивност, со партиципација на учесниците преку групни дискусии, решавање на индивидуални задачи, изнаоѓање на решенија во симулирани ситуации
Вештините што се најважни денес се оние кои ние погрешно го нарекуваме "меки". Но, нема ништо меко во нив. Всушност, меките вештини, доколку не се совладаат, брзо стануваат “тешки” вештини за развој во нашите тимови.Со оваа обука Вие ке се стекнете со вештини за