Lean Fundamentals - Проток и континуирано подобрување за зголемување на продуктивноста
Дали постои формула за развивање на успешна, производствена организација?
- Како да останете конкурентни во предизвикувачко време и при тешки клиенти?
- Дали може да се изгради култура на континуирано подобрување во организациите?
Производствените компании се соочуваат со многу предизвици во денешната економија и несигурно опкружување. Тие мора да:
- воспостават комплексни системи на работење,
- да ги планираат и предвидат идните трендови,
- да го изградат својот бренд,
- да се борат за влијание на пазарот,
- да изградат успешни врски со клиентите,
- да го намалат производниот отпад,
- да ја зголемат продуктивноста
- и да произведат иновативни производи.
Новите LEAN Fundamentals програми за учење и развивање на производствени професионалци, развиени врз основа на учење преку искуство, каде суштината на најдобрите практики е опфатена преку вежби, игри и студија на случај од страна на учесниците, кои создаваат акциони планови за имплементирање на ново стекнатото знаење во работното место и дисеминација на LEAN културата низ целата организација.
Цели на тренингот
- Откривање на LEAN моделот
- LEAN методи на зајакнување
- Како тимовите да станат само-организирани и истовремено да се заштитуваат
- Основите на LEAN и како да се применат во тимска работа
- Инкорпорирање нa LEAN моделот
- Ослободување на љубопитноста и креативното размислување за менаџирање на ризикот и неизвесноста
- Зајакнување на способноста за решавање на проблеми и донесување на одлуки за подобрување на перформансите
- Ефективно употребување на колективната мудрост и нејзино приспособување кон LEAN тим
Теми на тренингот
- LEAN принципи на производство
- Дефинирање на вредност и мапирање на проткот на вредноста
- Креирање на flow и воспоставување на pull
- Потрага по совршенство
- Истражување на 7те вида отпад
- Пристапот на 5те С
- Вежбање на пристапот на Kanban
- LEAN алатки за ефективно лидерство
„Континуираното подобрување е подобро од одложеното совршенство.“ – Марк Твејн
Пристап
LEAN Fundamentals е енергетска, ангажирачка и интерактивна работилница на оваа популарна тема. Работилницата се одвива во текот на 2 дена (по 6 часа).
Работилницата вклучува различни игри и вежби за подобро разбирање и водење на агилни тимови.
Програмата е преставена преку моделот на учење низ искуство.
Започнува на 2 јули
- Времетраење 12 часа
- Динамика и доаѓања 2 дена по 6 часа
- Датуми 02 и 04.07.2019
- Цена по учесник: 15.000 денари