Справување со стрес при продажба и менаџирање со конфликти
За кого е наменета?
- Топ менаџери
- Менаџери на средно ниво;
- Раководители на сектори;
- Сите вработени
Цели на обуката
- Намалување на негативниот организациски стрес
- Зголемена продуктивност и индивидуална одговорност
- Поттикнување на аналитичко размислување како алатка за избегнување и намалување на стрес
- Конструктивно реагирање и справување со притисок и крајни рокови
- Решавање на конфликти на конструктивен начин
- Познавањето на стресот како појава, уште повеќе познавањето на причините за стресот
*Прилагодена (Tailor made) програма - со тимот од експерти, искуството и знаењето со кои располагаме, веруваме дека ќе Ви обезедиме соодветна програма обликувана според Вашите барања, следи содржината која според досегашното искуство се покиажа најкорисна, истата може да се менува и дополнува според Вашите потреби.
Содржина
- Фактори кои предизвикуваат стрес во нашата секојдневна работа
- Колку не чини стресот?
- Стрес како резултат на притисок од работата – проект со ‘невозможен’ deadline
- Стрес како резултат на незгоден клиент
- Стрес како резултат на важноста на одлуката која треба да ја донесеме/проектот на кој работиме
- Стрес како резултат на непредвидени ситуации/грешки во работниот процес
- Стрес како резултат на конфликт
- Други извори на стрес
- Анализа на причинителите – како добро аналитичко размислување може да го амортизира стресот
- Манифестации на стресот - како се однесуваме во стресни ситуации?
- Големата слика: разлика помеѓу проактивно и реактивно однесување
- Стимул и одговор во стресни ситуации
- Сценарија за разрешување на конфликтни и стресни ситуации
- Што конкретно може да преземеме да го намалиме нивото на стрес во секојдневната работа во компанијата и како да се придвижиме кон попродуктивна и конструктивна работна средина