Тим билдинг
Цели на Teambuilding програмата:
- Зајакнување на тимскиот дух;
- Подобрување на интер-персоналната комуникација и релации, како во рамки на еден оддел, така и помеѓу различните оддели и нивоа;
- Подигнување на мотивацијата на секој поединец и чувството на припадност кон големата слика на компанијата;
Програмата е дизајнирана да додаде најголема вредност за клиентот. Тргнувајки од искуството на предавачите, лиценцирани консултанти со повеќе од 10-годишна експертиза во одржување на менаџерски обуки и програми за градење на тимови, анализиравме кои вештини се клучни за успешна тимска работа во денешната турболентна економија воопшто. Сето тоа, резултираше во предлог програма за градење и јакнење на тимови, која е:
- Извонредно интерактивна и динамична;
- Со современи методи на учење низ акција со интензивно поттикнување на групна работа со директно учество на секој поединец;
- Релевантна и базирана на анализа на практични проблеми и актуелни бизнис сценарија и симулаци со кои се соочуваат Вашите вработени во секојдневното работење;
- Прилагодлива да одговара на различните групи на вработени кои ќе го посетуваат Тeambuilding-от.
- Подобрување на процесот на донесување на одлуки и спроведување на истите како тим;
- Подобрување на способностите за решавање на конфликти, и користење на конфликтите како конструктивна алатка за подорбување на процесите и односите;
- Синхронизација на тимот за проактивност кон постигнување на организациските цели;
- Енергизирање на тимот во релаксирана и забавна атмосфера.
Очекувани резултати
- Поефикасна комуникација ориентирана кон остварување на целите
- Поставување стандарди за тимска работа и повисока тимска мотивација
- Подобрување на интер-персоналните релации
- Зголемување на меѓусебното разбирање преку идентификување на улоги во тимот
- Зголемена кохезија на тимот вработени
- Овозможена синергија во организацијата
Деталниот распоред за Тим Билдинг се дефинира согласно претходно планирана агенда.