Обука за родители - Kако да се израсне здраво и исполнето дете во модерно време?
Една од најсложените улоги кои ги имаме во животот е улогата на родител. Секојдневната динамика испреплетена со постојано брзање, потрага по успех, нерешливи потешкотии, неизвесност итн. сè повеќе нè оддалечува од хармоничниот природен однос на семејно функционирање со нашите поколенија. Иако навидум сме присутни, сепак сè почесто времето поминато дома го структурираме со повлекување во себе и тивко планирање на следниот ден, недела, година и сл. Потребата од работа на себе и едукација во оваа насока произлегува од можноста да бидеме поефикасни во повеќето улоги кои ги имаме, а тоа да доаѓа спонтано и да доведе до задоволство на секој член од семејството. Сепак најголемата добивка би ја имале децата кои како наши наследници соодветно и со подобар квалитет во секој аспект би се справиле со предизвикот на живеењето.
Оваа програма се очекува да даде поддршка во поквалитетно функционирање како родители, професионалци, пријатели, брачни партнери и останати улоги кои приватно и професионално ги извршуваме.
Програмата е наменета за родители на деца од 0 до 20 години
Приказни од праксата - причини поради кои досегашните слушатели одлучиле да се приклучат кон обуката:
- Дали на детето да му бидам родител или другар?
- Сите деца имаат телефони во 3то одделение, дали и јас да му купам на моето, иако не се согласувам со тоа?
- Како да имам контрола врз тоа што моето дете го гледа/игра на телефон?
- Дали треба да ги прифатам вредностите на новото време?
- Што да направам за детето да не биде по цел ден на телефон/таблет?
- Како да спречам да ги пренесам моите стравови на моите деца?
- Како да имам доверба во моето дете?
- Како да му помогнам на детето да почне да се дружи со други деца?
- Чувствувам огромна грижа на совеста зошто работам до доцна и немам многу време да се дружам со децата.
- Моето дете нема самодоверба.. немам ни јас.
- Се разведувам и барам начин да ги заштитам децата во тој процес.
- Дали децата ќе бидат посреќни кога ќе пораснат ако сега сум попустлив родител?
- Моето дете може да има сѐ што ќе посака, но тоа нема желби.
- Јас знам што е најдобро за моето дете (знам подобро и од него).
- Се плашам детето да не отиде по погрешен пат.
- Правиме сѐ за детето да е среќно, но тоа вика дека е несреќно.
- Како да го мотивирам детето да почитува правила?
Иако акцентот е ставен на родителството, сепак единствено ако направиме промена кај самите себе, ќе бидеме и подобри родители кои успешно ги надградуваат потенцијалите на своите деца и формираат здрава, успешна и среќна иднина. Преку оваа програма ќе научиме како да го претвориме родителството во убава игра која води кон развој и просперитет на децата. Како да го искористат својот потенцијал, како успешно да го канализираат и да бидат задоволни од себе, а и ние како родители.
Овие сесии се предводени од Деспина Стојановска системски семеен советник, која има повеќегодишно работно искуство во областа на психологијата и психотерапијата како психотерапевт, предавач, фасилитатор и модератор на фокус групи.
Праксата како психотерапевт ја карактеризира со стотици задоволни клиенти од индивидуални, брачни, семејни и групни советувања. Често може да се сретнат нејзини текстови во различни списанија и портали каде пишува колумни во рубрики наменети за психологија. Повеќе од 4 години е редовен психолог во контактна утринска програма на национален медиум.
Поседува државна Лиценца за работа како психолог издадена од Комората на психолози на РМ; Сертификат за професионален обучувач на возрасни; Европски сертификат за Системски Семеен советник и др.
Дополнителна вредност: за сите кои ќе бидат дел од оваа програма следува попуст на индивидуални психотерапевтски сесии со Деспина Стојановска.
Овој пакет е составен од 5 модули кои пружаат 5 месеци поддршка.
- Можност за плаќање на рати:
- Mожност за плаќање на рати, со кредитна картичка од било која банка
- Можност за плаќање до 24 рати, со дебитна картичка на Комерцијална Банка
- Можност за плаќање на 6 рати со Дајнерс
- Можност за плаќање до 12 рати со потпишување на нотар
Во продолжение ќе ја најдете содржината за секој од модулите, како и начинот на работа и цели кои треба да се исполнат со завршубањето на секој од модулите