Водење и мотивација на продажен тим
Кога немаме многу време и сакаме за краток рок да ги поправиме продажните резултати, обично вршиме дополнителен притисок на продажниот тим и така постигнуваме резултати... или....?
Постојат најмалку две работи за кои мора да се размисли кога МОРАТЕ за кратко време да ги поправите продажните резултати:
- Како и на кој начин јасно и прецизно да ги насочите продажните лица кон целта
- Како и покрај бројните неуспеси да успеете да го одржите мотивиран продажниот тим
За кого е наменета?
- За Менаџери на продажен тим
- За продажни лица
Број на часови: 16
Содржина:
Ден 1: Поставување на јасни цели
- Принцип на поставување на цели
- Што се подразбира под СМАРТ цели
- Цели кон сегменти на пазарот
- Како да се остварат целите
- Пратење на реализација, корекција
Ден 2: Мотивација на продажниот тим
- Разлика во ефектот на мотивирани и немотивирани лица
- Што е потребно да знаете за продажните лица и како да го искористите тоа знаење
- Како сознанијата од психологија да ги употребите за мотивирање на вработените во продажба
- Колкаво е значењето на парите
- Што освен плата може да биде мотиватор и како тоа да се искористи