Обука: Влијанието на мобингот врз успехот на компанијата
Три интересни информации врзани за мобингот во Македонија:
- 80% од работниците во Македонија барем еднаш во својот работен век доживеале психолошко вознемирување на работното место
- Дали знаете дека во случај на мобинг, без разлика дали моберот е колега или претпоставен, согласно законот доколку мобингуваниот (лицето врз кој што е вршен мобинг) поднесе тужба, одговорноста ја сноси компанијата т.е. тужбата е кон компанијата.
- Дали знаете дека согласно законот секоја компанија треба да има назначен интерен посредник за мобинг? Дали знаете кои се неговите обврски согласно законот?
Крајна цел на оваа обука е слушателите да се научат да препознаат што е мобинг, како да превенирате појава на мобинг во вашата работна средина и како правилно да го инкорпорирате законот за мобинг во своето работење, а со тоа секако и да овозможите усогласување со законот, на компанијата во која што работите.
Научете како да се заштитите од Мобинг – кој како подмолен канцер, се шири и ја уништува работната атмосфера, го уништува задоволството на вработените, соработката, тимскиот дух, едноставно ја носи компанијата надолу.
Обуката е наменета:
- За сите вработени бидејќи никој не е имун на оваа појава
- Особено е корисна за оние кои работат во HR областа и за менаџери кои работат на било кое ниво на менаџмент, бидејќи согласно законот – тие се директно одговорни за појава на мобингот во работната средина.
- Администратори
- Сопственици што се грижат за вработените
- Посредници за мобинг во комуникација
На оваа обука ќе научите:
- Како да се справите со конфликтите во работната средина
- Како да разликувате што е мобинг, што е кршење на права, а што е дискриминација
- Како да постапите во случај да добиете барање за заштита од мобинг
- Каква е законската постапка
- Како може да спречите појава на мобинг или превентива за заштита од мобинг, прикажано преку чекори кои што треба да ги направи работодавецот за да не дојде до тоа
- Ако се појави проблем, како да се спречи ескалација на проблемот
- Да препознаете каде е одговорноста за мобинг во компанијата
- Предавач на обуката е Билјана Чкламовска, која е:
- Предавач на нашата Академија за човечки ресурси (HR Akademy) за Модулот „Правни аспекти на HR“
- Тренер за тренери за мобинг (сертификат од ЕМДР - психотерапевт Костелиќ, од Милано Италија)
- Правен консултант на Унија на Независни и Автономни Синдикати на Македонија,
- Помирувач и арбитер во работни спорови од листата на помирувачи и арбитри на МТСП (со Лиценца од МТСП И МОТ)
- Член на NETLEX – европска мрежа на правници во рамките на ETUC (Europian Trade Union Confederation).
- Раководител на правен сектор / HR и Compliance Manager, ХТЛ Македонија (NOVOMATIC Group of Companies)
- Проект Менаџер на Проект за Одговорно коцкање
*Менаџер за усогласеност (Compliance Manаger) - обезбeдува усогласеност на највисоко ниво, на националната законска регулатива со внатрешните политики во сите аспекти и нивоа на компанијата, дава упатства за прашањата околу усогласувањето, со цел да се зачува интегритетот и угледот на компаниите, заради негување на законско постапување и високи етички стандарди и обезбедување на висока корпоративна и општествена одговорност.
Содржина на оваа обука:
- Поим и видови на Мобинг
- Кој е Мобер
- Кој е жртва на Мобинг
- Какви се последиците од него
- Како да се превенира
- Како да се лечи
- Што вели словото на законот кај нас
- Како се справува ЕУ
- Студија на случај