Во еден ден, на едно место ќе имате единствена можност да ги чуете:
Борис Вукиќ, Сениор Аdizes експерт за семејни бизниси кој над 20 години посветено работи на организациски развој и трансформација на компании од цела Европа. Консултант е на голем број семејни компании од регионот кои прераснале во милионски бизниси.
Во светски силните економии, семејните компании се столб на економијата. Семејните бизниси во светот се повеќе напредуваат и од мали семејни фирми се развиваат во милионски бизниси. Дел од примерите се Wall Mart, Ford, Samsung, Carrefour Group, Wrigley Company... Од друга страна пак, статистиката вели дека 70% oд семејните бизниси пропаѓаат или се продаваат по првата генерација.
Семејните бизниси се стожер на македонското стопанство. Секоја компанија во приватна сопственост се соочува со 70% веројатност да пропадне по првата генерација сопственици, доколку не се професионализира на време. Како да ги избегнеме замките кои се закана приватните бизнисите? Токму тоа е клучното прашањето на оваа конференција!
- Основачи и сопственици на приватни компании
- Професионални менаџери кои работат во семејни компании
- Наследници на компании
- Членови на семејни бизниси
- Сите кои сакаат да научат како да ја надминат замката поради која пропаѓаат до 70% од бизисните – транзиција на бизнисот на следна генерација
Овие теми не се за вас доколку:
- Мислите дека сте бесмртни и времето не поминува
- Ако веќе знаете се
- Ако не сакате да се менувате
- Длабоко сте уверени дека Вие баш се можете сами
- Не им посакувате добро на Вашите наследници
- Не си посакувате добро себеси
- Не сте свесни дека на пазарот ќе се случат повеќе промени во слените 5 години, отколку во изминатите 25
Clear View BTC, лиценциран бизнис тренинг центар кој веќе 10 години им помага на компаниите да ги подобрат бизнис резултатите. На македонскиот пазар ексклузивно носи докажани светски методлогии за бизнис и лидерство и е официјален партнер на Adizes за Македонија. Следејки ја Adizes методологијата, многу компании кои започнале како семејни прераснаа во милионски бизниси.
Скопски саем
Алексеј Волнец, офицер за корпоративно управување во департманот за управување за животна средина и за социјални прашања во Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), дел од Групацијата на Светската банка во Вашингтон, САД. Негова специјалност се дизајнирање и испорака на тренинг програми за градење на капацитетите на раководните лица за управување со мали и средни претпријатија.
Г-дин Борис Вукиќ,Партнер на Adzies South East Europе и сертифициран сениор Adizes консултант. 20 години посветно работи на организациски развој и трансформација на компании од цела Европа. Консултант е на број семејни компании од регионот кои прераснале во милионски бизниси.
Генерален директор на Прилепска Пиварница веќе 10 години. Од почетокот на своето вработување во пиварницата пред 19 години, ги поминал сите фази на развој во компанијата за да сега ужива кредибилитет да сведочи каков е патот до успехот. Доказ за посветеноста е континуираниот раст и развој на компанијата кои се отсликуваат во рекордната продажба и постојаните инвестиции во високата технологија пратејќи чекор со современите светски текови.
Генерален менаџер и Сопственик на ВИПРО – Гевгелија. По дипломирањето на Економскиот Факултет во Скопје во 1980 година се вработува во тогашна Р.О.Винојуг, Гевгелија. Од 1987 година продолжува во МАГРО Скопје, се до 1990 година кога станува ко-сопственик на МАКОКОМЕРЦ Скопје. Во 1992 год. ја формира сопствената фирма ВИПРО, каде и ден денес работи со членови од својата фамилија.
Ко-сопственик и Управител на ДОО Комфи Ангел, Прилеп, компанија за производство на текстил за домаќинства-перници, јоргани, заштитници за јога и слично. Во 2004 година ја основа компанијата со партнер од Англија, со минимален капитал и број на вработени, која што денес прерасна во модерна производна општествено одговорна компанија со 850 вработени со една филозофија “ние сите заедно градиме компанија која што ќе стопанисува и живее после нас”.
Анатол работи во Пекабеско од 2005 година, а од 2008 е на местото втор извршен директор во компанија. Заедно со тимот на Пекабеско успеавме во овие години компанијата да прерасне во еден од најголемите производители на сувомеснати производи како и дистрибутер на производи за широка потрошувачка.
Директор за технологија и развој на нови производи во Свисслион, најголемата прехрамбена индустрија во Македонија, која пак е дел од интернационалната групација Свисслион. Во своето 12 годишно работно искуство, токму заради спојот на познавања од технологија и бизинис адмистрација, покрај оваа позиција во периодот од 2010 до 2015 била и на позиција на генерален извршен директор.
Сопственик и директор на Специјал продукт. Почетокот на своето работење во Специјал го бележи уште по самото дипломирање на Машинскиот факултет, период во кој Специјал броеше само 5 вработени и една производна единица. Денес Специјал претставува сериозен бренд на македонскиот пазар кој брои 250 вработени, три производни погони и триесетина продажни места.
Иван Новаковски, менаџер на Меѓународното училиште НОВА и втората генерација на лидери на првиот регистриран приватен образовен субјект во Македонија, кој брои преку 700 ученици од 3 до 18 годишна возраст, и 170 вработени. Локален и регионален едукативен лидер со меѓународна акредитација кој успешно опстојува повеќе од 20 години. Г-динот Новаковски има живеено 10 години во САД завршувајќи ги своите додипломски и постдипомски студии, и работејќи во мултинационални корпорации. Фокусот му е на едукацијата, финансиите и меѓународниот бизнис.
Александар Саздов (1979) е дипломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек Стратегиски менаџмент. Од 2002 година работи во Издавачки центар ТРИ на повеќе менаџерски позиции. Најпрво како маркетинг-менаџер, потоа уметнички и креативен директор. Денес е дел од управувачкиот тим на компанијата, заедно со своите браќа Бојан и Љубомир.
Горан Антевски е Генерален директор на Раде Кончар-ТЕП со повеќе од 20 годишно работно искуство на повеќе работни позиции и компании. Како претседател на Македонско –Јапонско Алумни здружение специјалност му се Јапонските менаџерски методи , како и нивно имплементирање во организациите
Партнери